
Првиот онлајн водич на пивските стилови во Европа беше објавен пред неколку дена и е наречен „The Beer Style of Europe and Beyond — The Beer Style of Europe and Beyond“ и е креиран од тимот на EBCU асоцијацијата за да им го олесни животот на консументите на пивото. EBCU значи European Beer Consumers' Union организација која што ги обединува на едно повисоко ниво главните пивски здруженија од Европа од различни држави (за Италија тоа се на пример: Unionbirrai и MoBI).

Во овој период кога цел свет е принудно затворен дома, сите имаме малку повеќе време да прочитаме и научиме нешто ново кога е во прашање домашното пиварство. За да не ви биде здодевно, сите се посветивме на некои подзаборавени активности, а тоа е производството од дома, во домашни услови, токму онака како што било пред илјадници години.

Карантинскиот период кој што го живее цел свет и неможноста да го пиеме нашиот омилен социјален пијалок на нашите омилени места, тоест пабовите, не принуди меѓу другото да одвоиме малку повеќе време да гледаме филмови и некои стари или нови тв серии.
Неодамна од нашите пријатели од Бугарија дознавме дека се подготвува првото издание на BALKAN BEER BASH во Софија, што е и прв посериозен настан или дводневен фестивал на крафт пива со тенденција да биде еден од најсилните во регионот.
Крафт пиварството, занаетчиското пиварство или домашното пиварство има своја долга историја и традиција и во нашата држава. Во 90тите години од минатиот век, градот Прилеп беше горд на своето „Семејно МАКЕДОНСКО Пиво“ првото крафт пиво во Македонија, продукт на семејната компанија „Андикома“, пред точно 20 години, во производство на Димитрија Стојаноски од Прилеп сопственик на првата мини пиварница во Македонија.
Домашното пиварство станува многу популарно и во нашата држава. Но, пред да се пуштите во оваа хоби авантура пожелно е и да се стекнете со основното предзнаење за истото. Сакам Пиво.мк ви предлага неколку книги кои се сметаат за основа за да го стекнете соодветното познавање од оваа област. Да започнеме со прегледот: