Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ОН ЛАЈН ВОДИЧ ПОСВЕТЕН НА ПИВСКИТЕ СТИЛОВИ ВО ЕВРОПА

Првиот онлајн водич на пивските стилови во Европа беше објавен пред неколку дена и е наречен „The Beer Style of Europe and Beyond — The Beer Style of Europe and Beyond“ и е креиран од тимот на EBCU асоцијацијата за да им го олесни животот на консументите на пивото. EBCU значи European Beer Consumers’ Union организација која што ги обединува на едно повисоко ниво главните пивски здруженија од Европа од различни држави (за Италија тоа се на пример: Unionbirrai и MoBI).

Креаторот на овој водич е еден од најголемите имиња во моментов кога станува збор за пивото Тим Веб (Tim Webb), автор на многу книги, како The World Atlas of Beer и Camra водичот за Белгија, книги кои што секој љубител на пиво би требало да ги има во својата домашна библиотека.

Целта на водичот е да им обезбеди на поискусните но и оние новите љубители на пиво еден комплетен и ажуриран водич за разните пивски стилови кои се во моментов во оптек. Еден важен ресурс за да имате постојано ажурирана слика за состојбата на пиварството во Европа. Во последните 20 години се појавија многу независни пиварници во целиот свет, со помал капацитет и насочени кон изнесување на производи засновани на нивниот посебен вкус.

Што е пивски стил?

Пивскиот стил е неформален договор помеѓу пиварницата и клиентот изразен преку името на етикетата, при што првиот (пиварницата) му дава груба идеја на вториот (клиентот) за тоа што сака да го купи.

(photo: André Brunnsberg) превземено од сајтот на EBCU

Минатата пролет, вкупниот број на независни пиварници на планетата беше околу 30000, од кои 30% се наѓаа во Европа. Тоа се многу високи бројки кои го демонстрираа оживувањето на локалното производство на пиво, многу покарактеристично и поразновидно отколку кај мултинационалните компании. Врз основа на сето ова искажано, пиварите се натераа да ги задржат старите традиции, но и имплементираат нови иновативни пивски стилови. Се појавија многу различни пива произведени на различни начини, и сите тие се сместени во единствениот водич на пивските стилови во Европа и пошироко. Водичот ви овозможува да имате целосен преглед на состојбата за производство на пиво во Европа, која во последниве 20 години бележи враќање на традиционалните пивски стилови кои беа подзаборавени и силно поврзани со одредени нации. На пример во Италија се произведува пиво со костени, пива кои ферментираат во вински буриња, многу популарно последните две години стана и grape ale пивото со грозје.

The Beer Style of Europe and beyond е независен водич, составен и ажуриран без никаква помош или спонзорство од реклами, и е направан исклучително од ентузијазам од страна на членовите на EBCU. и постојано ажуриран и редовно ја следи состојбата на производството на пиво во Европа.

Водичот The Beer Style of Europe and beyond е само на Англиски јазик и е достапен на следниот линк: http://bit.ly/guidabirreEBCU .

Mарјан Костадиновски
(како надворешен член на EBCU минатата година присуствував на Brussells Beer Challenge манифестација на доделување на награди за сите пивски категории од пиварите кои ги праќаа своите примероци за оценување, а на масата на која што седев со останатите членови од жирито главен беше токму Тим Веб и претседателот на ЕБЦУ Бо Јенсен. Едно исклучително пријатно искуство и дружење од кое што може навистина многу да се научи

Марјан Костадиновски и Тим Веб на Brussells Beer Challenge 2019