Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВОТО ВО „ГЛАВНАТА“ УЛОГА, ПИВСКИ СЦЕНИ

Карантинскиот период кој што го живее цел свет и неможноста да го пиеме нашиот омилен социјален пијалок на нашите омилени места, тоест пабовите, не принуди меѓу другото да одвоиме малку повеќе време да гледаме филмови и некои стари или нови тв серии.

Поради ова причина, одлучивме „метафорички“ да го напуштиме домот (со дозвола или пропусница од надлежните органи) и да ве однесеме на една турнеја за нашите омилени филмски сцени во паб или зад шанк. Некои од филмовите се култни со оглед на времето и периодот кога се снимени. Па пуканките и пивото во рака и следете го изборот кој сакампиво.мк го направи за вас.

Quentin Tarantino: не е само со филмот PULP

Во сите филмови на Тарантино присутни се пабови од различни профили, од Pulp Fiction Jack Rabbit Slim каде што е снимена првата сцена и монологот на Steve Buscemi нашиот омилен е :

Inglourious Basterds (2009)

Една од култните сцени во филмот е снимена во Француска таверна, каде што група на нацистички офицери прославуваат со кригла пиво. Всушност тоа е место на рандеву помеѓу Германската алијанса на сојузнички шпиуни и бандата Бастардс предводена од Бред Пит. Епилогот како резултат на јазичните разлики е типичен за Тарантино, еден од офицерите пие пиво од класичната чизма чаша Stiefel

Django Unchained (2012)

https://www.youtube.com/watch?v=YnKyrFVrXoU&feature=emb_title

Вкусот за одредени детали секогаш е придружна насоката на Тарантино, фантастична сцена во која актерот Christoph Waltz налева две големи кригли точено пиво, една за него другата за тукушто ослободениот роб Џанго, игран од Jamie Foxx, приказ како се точи пивото со многу пена и како ја чисти пената на крајот.

Martin Scorsese и неговите гангстерски филмови

Филмовите на Скорсезе се полни со сцени кои се снимени во клубови, затоа што многу од повеќето ремек дела на Маестро се оние од жанрот на гангстерски филмови, каде што барот / пабот е местото на разните случувања и разни акции. за вас го одбравме филмот:

Those Good Guys (1990)

https://www.youtube.com/watch?v=7pQ6fd6iO_c

Tommy De Vito, карактерот кој то го игра  Joe Pesci, е вистински луд коњ и тој тоа го демонстрира во сцената која што се случува во клубот Гудфелас каде навреден за своето скрмоно мафијашко потекло штотуку излезен од затвор, одлучува да ги претепа неговите пријатели Роберт Де Ниро и Реј Лиота. Епилогот не враќа назад кон сцената која што го отвара филмот, со телото на несреќникот кој сега е умрен и го качуваат во багажот од автомобилот.

The Departed (2006)

Се наоѓаме во Бостон, град со многу Ирци, а пабот е местото каде што шефот Франк Костело којшто го игра Џек Николсон, го менаџира својот бизнис. Од многуте сцени ја одбравме првата средба на шефот и Леонардо ди Каприо, кои седат на шанк и разговараат со две чаши виски но секако тука има и едно шише пиво. не знаеме кој бренд е зошто во филмовите обично тоа е прикриено. Дискусијата е како да го интегрира ликот во локалната мафијашка банда.

Помеѓу фантазиите и суперхероите

Изгледа чудно, но дури и во овие два филмски жанра може да се најде по некоја сцена со пиво. Затоа ги издвоивме со посебно внимание за вас следните наслови:

The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring (2001)

JRR Tolkien англиски писател од крајот на 19тиот век, и е нормално одлучувачката сцена да е снимена во паб или гостилница прилагоден за условите од тој период. Забележително е пиењето на пиво во големки керамички кригли на малите хобити. Во Средниот век било вообичаено да се пие пиво во такви кригли.

Kingsman – Secret Service (2014)

Овој филм не е ремек дело. но е спој помеѓу суперхероите на Марвел и 007. Смешна е сцената во која Колин Фирт ја уништува младата банда со криглата пиво, која не го остава на мир да си го допие своето омилено Гинис пиво.

Пабот во општеството

Го завршуваме овој преглед со четири различни филмови, каде што пабот се појавува како социјален агрегатор (неговата првобитна историска функција) во многу разновидни контексти.

Trainspotting (1996)

Вистинска класика за неколку генерации, со неверојатен избор на музика и многу незаборавни сцени. Помеѓу една од тие е и сензационалната тепачка од ликот на Беги (Роберт Карлил) во пабот, кога ја фрли чашата од горниот спрат и го повреди лицето на една девојка, чашата е всушност традиционална Британска кригла.

Hooligans (2005)

Фудбалска паб комбинација отсекогаш била неразделна и ова е многу познат и култен филм меѓу Британските фанови, Фокусиран е на ривалството помеѓу навивачки групи на клубовите Милвол и Вест Хем и има многу сцени кои се одвиваат во класичен Британски паб после натпреварот. Пивото е секако неизбежен дел од овие сцени.

Will Hunting – Rebel genius (1997)

повторно се враќаме во Бостон, со приказната за математичкиот генијалец, Мат Дејмон, проблематично момче со неспорен талент. На една од најпознатите сцени, сместени во еден паб што го посетуваат студенти од Универзитетот од Харвард, Дејмон расчистува со ароганцијата на еден богат студент.

My friend Eric (2009)

Англискиот режисер Ken Loach во овој филм вниманието го посветува на фудбалерот Кантона, кој во сцената во пабот вели дека го сменил дресот од Манчестер јунајтед во ФК Јунајтед, а дискусијхаа завршува со тоа дека: може да се смени религијата или политичката вера, но никогаш тимот за кој навива некој.

и за крај бонус филм и едно мало вистинско уметничко дело кога е пивото во главната улога.

In Bruges 2008

филм на Мартин мек Донаг со главна улога на Колин Фарел, британска црна крими комедија.