Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

Правила и услови за користење на веб страната

Веб страната sakampivo.mk e во сопственост на САКАМ ПИВО Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ.

Секоја посета на оваа веб страна значи дека сте ги прочитале овие правила и услови и дека се согласувате со истите. Доколку не ги прифаќате условите за користење, ве молиме да не ја користите оваа веб страна. САКАМ ПИВО Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал правилата и условите за користење на веб страната.

Податоци за правниот субјект

САКАМ ПИВО Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ.

Адреса: ул. Максим Горки 25/4 Скопје, Македонија

Телефон: +389 70 266 626

Е-mail: info@sakampivo.mk

Веб страна: https://sakampivo.mk/

ЕДБ: 4038020516463

Жиро сметка: НЛБ Банка: 210-074524620118

Општи одредби

sakampivo.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн и. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на sakampivo.mk е забрането. Прекршување на општите условите за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

sakampivo.mk може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обврзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Го задржуваме правото да одбиеме давање на услуга на било кој, во било кое време, за било која причина.

За регистрирање на веб страната за онлајн купување, корисникот ги споделува следниве податоци:

 Име и презиме
 Телефонски број
 Адреса за наплата
 Адреса за испорака
 Електронска пошта
 Корисничко име (не е задолжително)
 Лозинка (не е задолжително)

Дополнителни информации за тоа како ги користиме вашите лични податоци може да видите во „Политиката за приватност“

 

Ваш профил за регистрација

По ваш избор може да одлучите да креирате профил за лична употреба. Вие сте одговорни за точноста на податоците кои ги внесувате на веб страната. Како дел од измените на вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие се согласувате дека ние не сносиме никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со вашиот профил.

За вашиот кориснички профил

Можете да регистрирате само еден профил на веб страната за ваша лична употреба. Вие сте одговорни за ажурирање на податоците во вашиот профил. Како дел од измените на вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие се согласувате дека sakampivo.mk нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со вашиот профил. Само вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови за користење може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашата веб платформа, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на истата.

Безбедност

Веб страната користи TLS/SSL сертификат за безбедена комуникација помеѓу серверот и клиентот. Оваа веб страна го користи Банкарт( НЛБ Банка) процесорот за обработка на трансакции со платежни картички. Ние не собираме информации за вашата платежна картичка.

Плаќањата можат да бидат направени од сите електронски картички кои ги поддржува Банкарт процесорот за обработка на трансакции.

За ваше подобро корисничко искуство и споделување на дополнителни информации кои можат да ви бидат од корист, на нашата веб страна можат да бидат поставени линкови до други веб страни кои не се во наша сопственост. Ние не гарантираме безбедност и не прифаќаме одговорност за безбедноста на вашите лични информации и податоци доколку посетите линк од друга веб страна.

Пристап до сајтот

sakampivo.mk го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на sakampivo.mk, и sakampivo.mk не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на sakampivo.mk е оваа веб платформа да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на sakampivo.mk, пристапот до веб страната може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

sakampivo.mk има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на sakampivo.mk и на истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината, начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да ја реализира нарачката..

Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната, или доколку на залиха нема одреден продукт САКАМ ПИВО Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот освен повраток на парите доколку истите се наплатени од купувачот.

НАЧИН НА ИСПОРАКА

Сите цени се изразени во македонски денари (МКД Со вклучен ДДВ).

Согласно трговскиот закон на Р.М., сакам пиво дооел е е должен да ги исполни обврските што произлегуваат од овој закон: ќе доставува алкохолни пијалоци преку својата е-продавница само во периодот од 11:00 до 20:00 часот.

Плаќањето може да се изврши на два начина:

-Онлајн плаќање (преку сигурниот систем на Банкарт)
-Кеш (само на територија на град Скопје)

Рок на испорака:

– Скопје: Најдоцна до 1 работен ден од денот на нарачката
– Надвор од Скопје: Најдоцна до 3 работни дена од денот на нарачка

При предавање на пратката, примачот треба да покаже документ за идентификација (лична карта или пасош)

ПОЛИТИКА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА


За да го завршиме вашето враќање, потребна ни е потврда или доказ за купување: фискална сметка или доказ од банка за извршена трансакција доколку станува збор за електронско плаќање.

Постојат одредени ситуации кога се одобрува само делумен поврат:

-Секој производ што не е во првобитна состојба, е оштетен или му недостасуваат делови од причини што не се резултат на нашата грешка.
-Секој производ што се враќа повеќе од 2 дена по неговата испорака

Откако вашето барање за поврат ќе биде примено и проверено, ние ќе ви испратиме е-пошта за да ве известиме дека сме го примиле вашето барање за поврат. Исто така, ќе ве известиме за одобрувањето или одбивањето на вашата наплата.

Доколку вашето барање биде одобрено, поврат на средства се врши единствено преку трансакција на сметка, без вклучената провизија која се одзема за извршување на трансакцијата.