Skip to content Skip to footer

НОВО НА ПАЗАРОТ: БЕЛГИСКА ЗАНАЕТЧИСКА ПИВАРА „BRASSERIE DE SILLY“ > ПИВАРА СО СТИЛ И СО ВКУС <

Во 19тиот век во областа Ханоу (Hainaut) во Белгија постоеа многу фарми на кои се одгледуваше јачмен и хмељ. Сили е мало село кое се наоѓа помеѓу градовите Ат, Енгиен и Соањи (Ath, Enghien, Soignies) триаголникот низ кој што минува малата река Сили, според која селото го добило името.

Во селото постои семејна пиварница која што е основана во 1850 година под името Cense de la Tour, со занает кој се пренесува од татко на син, а денес со истата менаџира шестата генерација. Од јачменот произведуваа слад, од кој што се правеа сезонски пива за работниците кои работеа на полињата.

Пивото се правеше во зимскиот период кога активностите на полињата беа намалени а се служеше на сезонските работници во текот на пролетните и летни денови. Brasserie de Silly е необична семејна пиварница, и не потсетува на времето кога повеќето Белгиски пиварници можеа да егзистираат само од земјоделската активност и продажба на пиво само во рамките на нивната заедница. „Брасери“ е француски збор за пиварница, а „Де Сили“ е совршен пример за оваа еволуција. Од 1947 година Пиварата стана поистакната од фармата, и произведуваа врвни але пива како Grisette, Saison и Scotch. Од 1950 г пиварата во сопственост имаше синџир од неколку барови и почна да произведува и лагер пива кои беа дел од нивното богато портфолио. Во 1990 година го пуштија на пазар и нивното пченично пиво кое што заедно со Saison de Silly, Double Enghien, La Divine и Triple Swaf придонесоа за растот на оваа независна семејна пивара како семеен бизнис. Денес пиварата е препознатлива по својата референца и поим за квалитет. Конзументите од Белгија и пошироко знаат тоа да го препознаат и ја ценат нивната пристапност, флексибилност и широк спектар на квалитетни занаетчиски пива. Секое пиво се произведува на традиционален начин со користење на најдобрите состојки чиста вода, уникатен квасец (кој што го знае само тој кој што го прави пивото), најдобриот хмељ, внимателно селектиран и соодветен за секое пиво, и слад со врвен квалитет. Денес пиварата е сеуште фамилијарна и инвестира во развој и модернизација на сите ресурси. Само како за пример во 2008 ма година имаа капацитет од 1,000,000 литри производство, за да во 2018 година достигнат до 2,500,000 литри производство на годишно ниво. Во Пиварата многу внимание се посветува на совршениот квалитет и вкусот на нивните занетчиски пива со инвестициите во квалитетот на производството инвестираат и во вкусовите на пивото. Со денес 25,000 хектолитри годишно производство пиварата станува флексибилна на сите нивоа, од производство, пакување до логистика.

Во областа на квалитетот на продуктот редовно се праќаат на интернационални натпревари за пиво каде што добиваат бројни медали. Во 2019 година на Brussels Beer Challenge добиваат златна медала за пивото Silly Saison и сребрена медала за Scotch Pinot Noir barrel Adged. Brussels Beer Challenge e годишен настан во кој се оценуваат 150 пива од 35 различни земји и оценувани во рок од 3 дена од 100 тина интернационални судии. Во оваа година во Азија освоија 7 награди на Asian Beer Challenge. И тоа три двојни златни медали за Enghien d’Hiver, Silly Scotch, Silly Saison. Три златни медали за Triple Swaf, the Pink Killer, the Silly Kriek. И сребрена медала за Silly Blanche.

Членка е на Здружението на Белгиски Семејни пивари во која членуваат 21 независни пивари со 156 пива препознатливи по нивното лого. Целта на Здружението е да ги промовира историските и независни фамилијарни пиварници од Белгија кои придонесуваат за вистинскиот идентитет и автентичност на белгиските методи и начини на производство на пиво, како занает кој се пренесува од генерација на генерација. Автентичните белгиски пива заслужуваат да бидат препознаени на начин што ги разликува од другите пива.

САКАМ ПИВО е официјален увозник на пивата и од овој месец се достапни во нашата продавница која што официјално ќе биде отворена во Декември месец. До тогаш доколку сте заинтересиран за новиот каталог кој што постојано ќе се надградува обратете се на нашит официјален емаил info@sakampivo.mk или на телефон 070 266 626. Вршиме испорака до вашата дестинација. за порачка над 500 ден добивате гратис чаша со логото на сакам пиво.

Марјан Костадиновски

КАТАЛОГ-САКАМПИВО2020