Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

Политика на приватност

Оваа Политика на приватност опишува како се собираат, користат и споделуваат вашите лични информации кога ќе посетите или купувате од https://sakampivo.mk

Лични информации и податоци кои ги собираме

Ние ги собираме вашите лични податоци само доколку се регистрирате како корисник (купувач) на нашата веб страна и ги прибираме само оние лични информации кои ни се доставени од ваша страна. Лични информации кои се потребни за реализација на нарачка и кои ги собираме при регистрација на нов корисник се:

 Име и презиме
 Адреса за испорака
 Адреса за наплата
 Електронска пошта
 Телефонски број

Оваа веб страна го користи Банкарт (НЛБ банка) процесорот за обработка на трансакции со платежни картички. Ние не собираме информации за вашата платежна картичка.

Веб страната користи cookies („колачиња“) со цел да им овозможи на корисниците да ги користат функционалностите на самата веб страна. Cookie е текстуален фајл кој се зачувува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени за да направат било каква промена, да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер. Некои од нивните основни намени е да ви овозможат зачувување на сесијата за најавување на вашиот кориснички профил, автоматско пополнување на формите, поставки за јазикот на веб страната и друго.

Како ги користиме личните информации


Ние ги користиме информациите за нарачките што ги собираме генерално за да ги исполниме сите нарачки направени преку веб страната (подготовка за испорака и обезбедување на фактури и/или потврди за нарачки). Покрај тоа, ние ги користиме овие информации од нарачката за:

 Комуницирање со вас
 Вршење на испорака на нарачката
 Скринирање на нарачките за потенцијален ризик или измама
 Доколку сте се согласиле, според преференците што сте ги споделиле со нас, да ви доставуваме информации или промотивен материјал во врска со нашите производи или услуги.

Споделување на вашите лични информации


Ние ги споделуваме вашите лични информации со компаниите кои вршат достава на пратки со цел да можеме да ви ја испорачаме вашата нарачка. Информации кои се споделуваат се: име и презиме, адреса и место на живеење на купувачот, адреса на испорака, телефонски број, електронска пошта, број на нарачка, содржина на нарачката.

Ние исто така користиме Google Analytics за да ни помогне да разбереме како нашите клиенти ја користат веб страната – можете да прочитате повеќе за тоа како Google ги користи вашите лични информации овде: https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/.

Конечно, ние исто така може да ги споделиме вашите лични информации во законскиот оквир – за да се почитуваат важечките закони и регулативи, да одговориме на покана, налог за пребарување или друго законско барање за информации што ги добиваме, или на друг начин да ги заштитиме нашите права.

Ваши права


Со користењето на оваа веб страна, вие ги задржувате и добивате сите ваши права кои ви се загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.


Чување на податоците


Кога нарачувате преку веб страната, ние ќе ги чуваме вашите информации за нарачката и вашите лични информации во нашата база, освен ако не побарате од нас да ги избришеме овие информации.


Малолетни лица


Оваа веб страна не е наменета за користење на лица помали од 18 години.


Промени


Ние може да ја ажурираме оваа политика за приватност од време на време со цел да ги одразиме, на пример, промените во нашите практики или за други оперативни, правни или регулаторни причини.


Контакт


За повеќе информации во врска со нашите практики за приватност, доколку имате прашања или сакате да поднесете жалба, Ве молиме контактирајте нè на електронска пошта на info@sakampivo.mk или по пошта користејќи ги деталите дадени подолу:


 Име на фирма: САКАМ ПИВО Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ
 Адреса: ул. Максим Горки 25/4 Скопје, Македонија

Повеќе информации и одредби за користењето на оваа веб страна и онлајн купување може да видите тука:

Правила и услови на користење