Skip to content Skip to footer

Enghien Blonde

160 ден

BLOND STRONG ALE / 330 ml / 7.5 % / BELGIUM

Регионален стил на Белгиско пиво со многу зачини и ароми,

In stock

SKU: 134582 Categories: , , Tags: , , Product ID: 404

Опис

Прв пат ова пиво се произведувало во градот Енгхиен во непосредна близина на Сили и било темно пиво. Кога пиварата Де Сили ја купи пиварата Tennstedt-Decroes во која што се произведуваше пивото, го сменија во силно блонд пиво. Регионален стил на пиво со многу зачини и ароми, со слаба киселкост и пријатна горчина, избалансирано пиво во кое ниту една од состојките не доминира. Типично Белгиско пиво со овошни ароми на касјија и слатки јаболка. Прилично слатко на непцето кое што завршува со пријатен горчлив финиш. Квалитетно селектираниот хмељ и чистиот слад работат заедно за да испорачаат еден хармоничен ритуал. Се препорачува да се конзумира со масна, солена риба, сушена шунка.

БОЈА:  Blond beer
Алкохол: 7.5%
Волумен: 330 мл
Мекост: 3/10
Горчина: 8/10
Се служи помеѓу 5 ° C и 8 ° C
Состојки Water, Malt, Yeast, Kent hops, Hallertau hops.
Производител: Brasserie de Silly

Brasserie de Silly денес е во рацете на шестата генерација на семејството Van der Haegen од 1850 г. Пиварата е препознатлива како една од подобрите Белгиски пиварници и располага со еден поширок спектар на разновидни пива.Секое пиво се произведува на традиционален начин, користејќи свој уникатен квасец, (тајна која што е позната само на пиварата),  вода од сопствен извор, хмељ и слад. До крајот на 20тиот век произведуваа само три пива, а од 1950 г почна постојано да се зголемува нивната палета на производи кои се презентирани на овој веб портал.

 

 

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Бидете први да испратите рејтинг “Enghien Blonde”