Со браќата Бакревци се познаваме уште од 2017 г кога со Слоу Фуд од Битола го организиравме првото дружење на домашни производители на пиво во Задругата Артикултура на 07 Ноември заедно со уште неколкумина пивски ентузијасти као Пеце од Дихово, учителот Ставрос од Лерин и уште неколкумина. 9 години подоцна денеска Пивара Бакревски веќе е пивара со огромно искуство зголемен капацитет на производство и отворени за соработка и со други субјекти.
Така некако дојде и до идејата да го создадеме нашето прво заедничко пиво после долгогодишни разговори,преговори што сакаме како сакаме. Некако симболично се поклопи и овој датум кога „Царот“ ќе пристигне од погонот во Битола, директно во пивскиот салон во Скопје.
За стилот. Како аматер домашен производител на пиво во време кога во Скопје и немавме некој избор на суровини,некако патот не одведе кај Алекс (математичарот и ДЏ ) во Приштина кој тогаш ја имаше малата занаетчиска пивара „Сабаја“ заедно со Гого и Димитар фативме патот за Косово по набавка :). Се сеќавам дека му реков да ми подготви рецепт за 30 литри Briown Ale и ми измеша неколку сладови, даде некој хмељ иквасец и тоа е тоа.
Ова денеска што го имаме на полиците и во фрижидерот е некоја варијанта на Британски браун еил ( British Brown Ale) со 5 % алкохол полно тело и изразен карамелизиран вкус, пријатна горчина и нежна арома и доста бистро и чисто, со пет видови на слад два хмеља и квасец и познатата битолска вода за која што еден германски експерт има изјавено „да ја имаме оваа вода во Германија во овој град би имале најмалку 3 пиварници“. Но за жал Битола не е во Германија, туку во Македонија, во срцето на Пелагонија, од каде што доаѓа и дел од сладот кој што се користи во ова пиво, а и во останатите пива кои што доаѓаат од Пивара Бакревски.
ПРИКАЗНАТА ЗА ЦАРОТ
Етикетата е изработена од драгите пријатели Никола и Ѓурѓица цртана па дигитализирана, со приказната за царот и неговите седум ќерки.
Некаде во македонските планини, во едно старо царство, живеел еден весел и мудар Цар. Тој имал сè што може да посака еден владетел: богатство, плодна земја и дури девет прекрасни ќерки. Но, царот имал една необична мака — не сакал да владее со меч и круна, туку со чаша добро пиво!
Еден ден, царот ги собрал сите девет ќерки и им рекол:
„Девојки мои, за да ја крунисаме нашата земја со нешто незаборавно, сакам секоја од вас да донесе по една специјална состојка од краиштата на македонските планини!“
Првата ќерка донесла најчиста планинска вода.
Втората донесла печен македонски јачмен со боја на есенски лисја.
Третата донесла хмељ што мириса на свежина и слобода.
Останатите шест ќерки донеле тајни зачини, златни жита и љубов спрема традицијата.
Кога сите состојки се споиле во еден голем казан, се родило првото македонско Brown Ale — темно, кадифено, со совршени 5% алкохол.
На денот на крунисувањето, наместо царот да стави круна на својата глава, сите девет ќерки заедно ја кренале големата пенаста чаша пиво и ја крунисале самата чаша! Тогаш царот извикнал:
„Вистинскиот Цар не носи круна на главата — Царот е во чашата!“
Во секој случај горди сме на оваа соработка и во 2027 очекуваме уште неколку специјални изданија.
