Овој рецепт е креиран од “The Foodpairing® Company” според профилот на вкус на пивото Enghien Blonde. Aромата н апивото е малку слатка, овошна и зачинета со цветни ноти, и незабележителни вкусови од житарките. Горчината е забележителна и при голтката, со што се забележуваат аромите на грејфрут и хмељот. Средно тело и стабилна густа пена. Се служи на температура од 4 до 8 ° С.
СОСТОЈКИ:
2 јајца
3 парчиња шунка или сланина
Оцет
Карфиол 250 гр
Вода: 60 гр
Оцет од вински ориз 30 гр
Сол 3 гр
Шеќер 18 гр
Ситно сецкан магдонос 120 гр
Јајце бело: 50 гр
Смачкан мраз 8 гр
масло од семе од грозје175 гр
ЧЕКОРИ
1 / Наполнете го садот до 3/4 со вода и оставете го да зоврие. Додавајте од оцетот се додека не ја почувствувате неговата киселост.
2 / Скршете го секое јајце во посебни шољи за кафе.
3 / Намалете го огнот и и држете ја водата веднаш под точката на вриење. Мешајте со лажица и изматете ја водата додека не се создаде вител. Истурете го првото јајце во средината од водата по две до три минути јајцето е доволно сварено. Внимателно отстранете ги белите грутки од јајцето. Исечете ги лабавите краеви од белката. Повторете ја оваа постапка и за второто јајце.
4 / Исечете го карфиолот на мали парчиња. истолчете го добро пржете го на загреан путер и зачинете го по желба.
5 / Измешајте ги состојките во маринадата. Ставете ги парчињата карфиол (проверете дали шеќерот и солта се целосно растворени) оставете да се маринира 10-15 минути.
6 / Измешајте го магдоносот со белката од јајцето и искршениот мраз. Зачинете со сол и црн пипер. Додека мешате додате го и маслото од семе од грозје. зачинете по вкус.
извор: Brasserie de Silly