Ете и тоа се случи. Зимскиот пивски салон во месец Декември веќе станува традиционален и спротивен на оние кои тврдат дека пивото се пие само во текот на летото и само за отворени настани. На ова издание во огранизација на порталот за промоција на пивото и ширење на пивската култура фокусот беше повторно на производителите на домашно пиво од хоби и веќе регистрираните нови занаетчиски пивари, како и гости увозни пивски брендови и опрема. За прв пат Пивскиот салон доби поддршка и од малите приватни дестилерии В“К од Демир Капија и занаетчиската дестилерија Плетварски од Кавадарци и како специјален гостин Алхемист на Ерик Мантон, човек кој подолго време живее и работи во Македонија и во слободно време е страсен производител на разни видови на дестилати, вински сомелиер и пивски познавач кој ги оценуваше пивата. За закуска исто така имавме еден необичен вкус и избор на тартуфи од Македонија од фирмата туф.мк кои одлично се вклопија во целиот концепт, а да не се веќе тие традиционални колбаси и сл.
Кога сме веќе кај пивата со едно откажување од здравствени причини на Неготинчаните Clock Tower, присуствуваа и тројца производители кои го имаа својот премиерен настап. Тоа се Craft Beer од Кавадарци кои се претставија со солиден избор на стилови како STOUT, AMBER ALE, IPA и WHEAT, Дени Омерагиќ од Скопски Чаир, кој исто така пријатно не изненади со неговиот иновативен пристап кон производство, а тоа е RAW ALE односно домашно сурово неварено пиво со див хмељ и лимон, Нов учесник беше исто така и Александар Костадиновски од Скопје, кој настапи под брендот Пиварата на Санде со 2 пива KELLER BEER и NEIPA од кој очекуваме потенцијал и подобрување на квалитетот во наредните пивски салони и интересни имиња на неговите пива МЕУР 5,7% и КОЏОБАШИСКО kellerbeer 5,5%. Редовен учесник на сите пивски салони до сега е и Трајче Митрески со неговиот бренд КУРАЈБЕЕР и гости беа и членовите од неговиот бенд Културно Уметнички работници и повторно изненади со некои нови иновативни пивски стилови како BLACK IPA, 100 % WHEAT CITRUS, PALE ALE и IMPERIAL STOUT.
Во првиот дел од салата беа регистрираните пивари и дел од увозни брендови кои беа и на некој начин гости на пивскиот салон. Пиволабс крафт пиварата од Ново Лисиче од Скопје за прв пат се претстави со 2 нови пива од нивната понуда. Покрај редовниот ФОКС ПАЛЕ АЛЕ, донесоа и PUMPKIN ALE и WHEAT IPA точено, BELLEZA BREWING oд Кисела Вода настапија со 3 стилови експериментални серии Amber Ale 6.7% alk и KVEIK, за прв пат настапи и занаетчиската пивара на Бакревски со неговиот бренд BAK STOUT. CRAFT HOUSE CROWN од Велес се по втор пат гости на пивскиот салон и како нов производ го понудија солидното ПИЛСНЕР пиво, покрај редовната тројка на пива како IPA, PALE ALE и PORTER. СТАРОГРАДСКО пиво по една пауза повторно учествуваат со нивното Црвено и Црно пиво и редовниот ПИЛСНЕР. Farmahem ја презентира својата пивска програма на инструменти за мерење, средства за дезинфекција и опрема за точење на пиво од програмата ПЕГАС и секогаш се ентузијастички подтотвени во своите настапи. Овој пат понудија и едно пиво од Словенија, крафт пиварата ТЕКТОНИК кои се надеваме дека ќе ни бидат и гости на идното издание на пивските салони.
Од увозните брендови свој премиерен настап имаше и втората занаетчиска пивара од Италија по ранг CITTAVECCHIA и од огромната понуда на пивското портфолио за почеток настапија само со 2 стила за нашиот пазар AMBRE ENGLISH IPA кое што е Италијанска верзија на Англиската ИПА во која што доминираат доста флорални ароми и чист избалансиран вкус и lUCKY SHOES виенна лагер кое што како пивски стил до сега не бил присутен на нашиот пазар. Од Австриската пивара BEVOG специјалнио за настанот го понудија и најновиот производот HAZY IPA на точење и редовната палета на производи кои може да се најдат и во продажниот пивски салон.
Модниот дизајнер Мелани Дигит имаше исто така своја презентација на маиците кои се цртани со текстилни бои, а може да ги набавите во продажниот пивски салон.
Се на се и покрај вакви вонредни околности со протоколи и ограниченост на посетители бевме решени да го реализираме овој настан, се со цел да се опуштиме и пробаме нешто ново и поразлично од она што вообичаено го има по маркетите. Огромна благодарност и до персоналот од хотел Бест Вестерн Турист кои цело време беа постојано околу нас, како и до JUST MUSIC RADIO чија програма одеше во живо. Пивскиот салон ја продолжува својата приказна и во 2022 година со надеж дека ќе имаме повеќе учесници и излагачи и продолжиме соработката со членовите од Слоу Фуд Македонија.
Изборот на фотографии може да го погледнете од следниот линк, во избор и монтажа на Дарко Стојановски
избор на фотографии