Кон крајот на декември Европското Здружение на пиварите (Brewers of Europe – BOE) редовно известува за трендовите во пиварството на стариот континент кое вклучува 27 земји членки на Европската Унија и уште 4 кои не се членки. Накратко кажано, производството во ЕУ е во пад во однос на една година претходно, односно 21,5 % а вкупно за 30 милиони хектолитри.
Тој резултат, секако, е очекуван, бидејќи минатата година се застана поради пандемијата со коронавирусот, а долготрајниот период на самоизолација неминовно се одрази и на пиварската индустрија. Тоа се потврдува во воведниот текст на публикацијата од главниот уредник Пиер Оливиер Бергерон. Понатаму тој истакнува: „Во секторот на пиварството не се запрени само производсветните процеси во пиварниците, туку уништен е и пазарот, долготрајното затварање на баровите, локалите и рестораните. Таа состојба видлива е и во нашиот статистички извештај за Европските пиварски трендови во 2021 година. До 2020 година нашиот сектор живееше во ренесансата, а производството и потрошувачката на пиво во Европа од година во година бележеа пораст, а сега сето тоа е запрено поради коронавирусот. “
Оваа статистика ги опфаќа земјите членки на ЕУ и Обединетото Кралство, Швајцарија, Норвешка и Турција, која кажува дека е падната и вкупната продажба, односно потрошувачка на пиво, од 385 милиони хектолитри во 2019 г, да една година подоцна падне на 354,5 милиони хектолитри, а тоа е пад од големи 8%.
„Најголема штета претрпува угостителскиот сектор. Во средината на март речиси сите угостителски објекти во Европа беа затворени и почнаа да се отвараат дури во Мај. Вториот бран на пандемијата ги затвори баровите и рестораните наесен, а во многу земји тоа траеше и до Април 2021 г. Падот на продажбата на пиво во угостителскиот сектор во 2020 г изнесувал дури 40 % , цела Европа се самоизолира, културата беше сведена на минимум… Во пиварскиот сектор кој од 2009 г бележеше постојан пораст, шест години по ред, сега тоне надолу“.
Ако претходните 10 г беа времиња за старт – ап програми, и експанзија на разни иновации, за да бројот на новоотворени пивари во периодот од 2014-2019 биде двојно зголемен, наеднаш сето тоа е запрено. Во текот на 2020 г во Европските држави отворени се само 225 нови пиварници, и сега вкупниот број изнесува 12473. И покрај тешкиот удар кој го добија пиварниците, сепак тие се жилави и отпорни.
Целиот извештај и статистки може да ги погледнете и да си го симнете во пдф формат од следниот линк