Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

BARLEYWINE HAGGER 0221 НА BEVOG СЕ ЗАКИТИ СО СРЕБРЕНА МЕДАЛА НА EUROPEAN BEER STAR

Bevog Barleywine : HAGGER 0221 доби сребрена медала на интернационалниот натпревар на пиво European Beer Star кој се одржа минатата недела во Минхен. Натпреварувањата на The European Beer Star се во организација на асоцијацијата Private Brauereien од 2004 г и е една од оние кои имаат најдолг стаж во оценување на пивата. European Beer Star наградите се однесуваат за високо квалитетни пива кои се генијални и полни со карактер. Претежно се однесува на пива кои доаѓаат од Европските држави, но и секоја пиварница од светот може да учествува со некој свој бренд за кој сметааат дека е најдобар. Жири комисијата е составена од експерти околу 120 интернарционални судии за дегустација на пиво како и мајстори кои директно учествуваат во процесот на производството. Со еден збор стручно жири од врвната класа.
——————————————-
Hagger 0221 е бленд на селектиран barley wine одлежан во буре, со комплексна арома и вкус на сушени овошја, црна и слатка карамела, ванила, кокос, со комплексна техника на производство, и мониторинг на бурињата од кои првото е во бурбон а второто одлежување е во други буриња во кои претходно одлежувал друг алкохол.
—————————————-
Hagger 0221 ексклузивно може да го најдете во продажниот пивски салон и од нашиот веб сајт по цена од 850 ден
12,2% алк
респект