Skip to content Skip to footer

ШТИП: КРАФТ ФЕСТИВАЛ ВОЛ.1

Во организација на центарот за култура Ацо Шопов, општина Штип и крафт пиварата Стар Конак за прв пат во градот Штип ќе се случи промоција и презентација на домашни македонски и крафт пива.

Крафт Фестивал Vol:1
кога: Сабота 04.06.2022г
каде: Плато пред НУЦК „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 12:00ч
Програма:
12:00ч -Отварање на фестивалот
13:00ч – Дебата: Крафт индустријата , предзивици, услови и можност за бизнис
14:30ч- Hot line (Настап во живо )
Изложба на фотографии од Соња Ставрова
20:00ч – Backdoor band (Настап во живо)
Зошто крафт фестивал , затоа што културата во занаетот раскажува приказна – приказна за тоа од каде потекнува, кој и зошто го создал, културата и наследството на местото од каде потекнува.
Културниот занает има автентичен однос со луѓето и местото од кое доаѓа и што сака да постигне.
Своето присуство до сега го потврдија речиси сите крафт пивари во Македонија но и некои домашни производители на пиво а тоа се:
КРАФТ ПИВАРА СТАР КОНАК – ШТИП
CRAFT HOUSE CROWN – Велес
Занаетчиска пивара Бакревски Битола
СК 091 Скопје
Пиволабс Скопје (ТБА)
Крафт пивара Стар Град (Скопје-ТБА)
Домашни производители на пиво:
Belleza Brewing Скопје
Домашна пивара Слободен Стил Марски Мац – Скопје
Курајбер – Скопје
Петар Талески Скопје
The Drop Brewery – Скопје
CRAFT BEER Кавадарци
CLOCK TOWER Неготино