Опис
Произведено е во 2014 година. Green Killer IPA e Белгиска верзија на India Pale Ale солидно захмељено пиво со високо рангирана горчина, моќни ароми, во кои се чувствуваат ноти на цитрус и зачини. Пиво за вистинските познавачи, благодарение на 4 совршени типа на хмељ, златно жолта боја и стабилна кремаста пена, полно тело и совршена арома. На прв впечаток добивате овошни ноти на праска и ананас со суптилна позадина на цитрусот. Овошноста во пивото продолжува да расте во вкусот и е совршено избалансирана со нагласената горчина во финишот. Пиво кое што ќе ве воодушеви во неговиот вкус, совршено е со разни аперитиви и лесни јадења, добро е и во комбинација со јадења од риба, школки, бело месо, омлети и свежи сирења. Интересно е дека името на пивото е од маскотата на пиварата и чуварот на Брасери де Сили Според една анегдота кучето Килер една ноќ забележало како некои туѓинци влегуваат во имотот, со голема веројатност се смета дека тоа биле конкурентите кои биле љубоморни на успехот на пиварата и нивниот најнов рецепт. Разбеснетото куче ги натера да побегнат, ржејќи со неговите заби, и поради тоа си доби посвета и почесно место на етикатата на новото пиво.
Боја: Блонд пиво златно жолта боја
процент на алкохол: 6.5% vol. alc.
Препораки: Се служи на температура помеѓу 5 ° C и 8 ° C
Состојки: Вода, пале слад, шеќер, хмељ, Kent, Hallertau, Columbus, Cascade, Ahtanum и Styrian
Критики
Нема критики сеуште.