Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ИТАЛИЈА: ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ ВОДИЧ ЗА ПИВО ОД SLOW FOOD

Во новото издание на Slow Food Editore бројот на пивари е намален, но бројот на ознаки со логото на Slow Food, односно „полжавчиња“ се зголемува, со додавање на посебна секција за тоа каде може да се пијат овие пива.

Изданието беше промовирано на овогодишнaта манифестација Terra Madre Salone del Gusto на 24ти Октомври, во Торино, и е достапен во книжарите но и како Интернет издание. Водичот е најавторитетна публикација на оваа тема, која што е резултат на работата на околу деведесет соработници кои беа на терен низ цела Италија, координирани од тандемот од Пиедмонт Еугенио Сињорини и Лука Ѓаконе.

Поделени се од регион до регион, и вкупно во новото издание има 387 пивари. Во новото издание им се доделуваат следните ознаки на пиварите

Chiocciola е ознака за „најдобрите и бавни пива „slow beer“ препознатливи по нивниот квалитет и конзистентост, но исто така важна улога играат и во националниот пивски сектор, за идентитетот и вниманието на територијата и околината“. Во оваа категорија се вклучени 34 пивари.

Excellence или ознака за извонредност „е новото признание за пиварниците кои изразуваат висок квалитет на целото производство“. каде што се вклучени 73 пивари.

Slow Beer или бавни пива кои што имаат своја органолептичка вредност, своја приказна, да бидат референца за категорија, или да бидат пример за пиварницата. Овде има вкупно 127 пива. и категорија „пива што не се пропуштаат“ апослутно вредни и ги запазуваат сите стандарди вкупно овде има 358 пива.

Покрај тоа, во новиот водич има и дел посветен на секој регион одделно, во кои се наведени местата каде што може да ги пиете овие пива, без оглед дали се работи за пабови, специјализирани продавници, пицерии, ресторани или барови во самите пиварници и вкупно се 600.

The guide beers in Italy in 2021 од Slow Food Editore може да се купи од ниваната веб страна,

Guide to beers of Italy 2021

curated by Luca Giaccone and Eugenio Signoroni

Slow Food Publisher

Pages: 624

Price: € 18.50