Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

БЕЛГИЈА: ТРАПСИТИЧКАТА ПИВАРА ROCHEFORT ПОСЛЕ 6 ДЕЦЕНИИ СО НОВО ПИВО

Повеќе од шест децении Трапистичката Пивара „Рошфор“ нема издадено ново пиво, потпирајќи се на нејзината традиционална трилогија 6-8-10. Денес доаѓа Triple Extra.


За разлика од Трапистичката Пивара „Chimay“, која исто така ја зголеми својата трилогија со сино-бело-црвено пиво за да му посака добредојде на новото светло пиво, Dorée (4,8%) во 2013 година, во Рошфор, доаѓа силното трипл екстра пиво (8,1% вол. Alc.). Последното пиво првично ќе биде достапно само за продавачите на големо, опатијата сака да ја покаже својата поддршка за здравствената индустрија во овој период на здравствена криза.

Историски гледано, Рошфор во минатото произведувале послабо блонд пиво, и тоа точно пред еден век, а подоцна монасите на блондот ги додадоа и потемните пива 6,8 и 10.

„Меко и со добро изразено тело како нашите класици 6,8 и 10. Triple Extra се издвојува со својата златно жолта боја, со доминација на цитрус и зачини.“ објаснуваат од пиварата. „Пивото е прилично слатко, со добро избалансирана горчина“ додава Франсоа Мати од секторот за производство.

За овој производ предвидени се само 3000 шишиња кои се наменети само за трговците на големо, Пиварата планира да призведува и повеќе во иднина, но без да ги стави во сенка останатите пива . На врвот на листата сеуште е Rochefort 10 кое опфаќа 45% од целокупното производство.

извор: grand cru beer