Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ: ПИВО ELIXIR ОД ЗАНАЕТЧИСКАТА ПИВАРА БАЛАДИН, ПИВО ЗА ЏЕНТЛМЕНИ

Пивото ELIXIR e доста комплексно и „екстремно“ пиво со голема ароматичност. Содржи 10 % алкохол и речиси како да нема во него хмељ. на овој начин се постигнува микс на горчината и сувоста, со што се постигнува  баланс од блажината на сладот со што пивото добива на структура. ELIXIR  всушност е пиво за оние кои не пијат пиво. пиво за љубителите на вино, речиси и како вино, но пиво кое што не е препорачано за оние кои пијат пиво (количински). Совршено се вклопува со јагнешко месо или сино сирење, а од музика се препорачива со некое убаво танго на пример Astor Piazzola. ELIXIR е резултат на чиста пасија и страст

ELIXIR е средно газирано пиво со силно тело, и со своја уникатност. Направено е од квасци кои се користат за Шкотско виски од Ислај, област која што е заштитена со закон, има прекрасна килибарна боја и стабилна густа пена. Аромите варираат од првата до последната голтка. Суво и доста слатко, нуди сензуални овошни ароми како белгиските пива и карамела, мала горчина содржина на алкохол која што предупредува да се конзумира умерено и со уживање. Затворено е со винска плутена тапа и за тоа ви треба вински отварач за разлика од другите пива кои се флаширани во 750 мл.

Идеално за вечерните часови за добар и мирен сон. Вистинска еротика и нови визии во технологијата на произвоство на пиво