Овогодишнето јубилејно 10 то издание на The Brussels Beer Challenge ќе се случи во градот од каде што се започна. Градот познат по Големиот плоштад, Grand Place, по споменикот Manneken Pis, по Atomium, и секако по трите работи по кои е препознатлив овој град и држава: превкусните чоколади, помфрит и пивото.
The Brussels Beer Challenge е првиот професионален предизвик во Белгија и првиот натпревар за пиво. Натпревар кој е создаден од од Becomev Beer Communications & Events а под раководство на Luc De Raedemaeker и Thomas Costenoble во 2012 како одговор на зголемениот интерес за пивската култура. Првото издание се одржа во 2012 во Ла Бурсе во Брисел и оттогаш се одвиваше редовно и се организираше во другите градови низ Белгија и стана еден од најпрестижните и најважни пивски натпревари во светот. Целта е да се промовира глобалната пивска култура, да се поттикне здравата конкуренција во индустријата и да им се понуди на производителите на пиво соодветна промоција, и да послужи како маркетинг алатка на потрошувачите. Натпреварот ќе се одржи на 29 ти Октомври и ќе трае до 1ви Ноември. пивата ќе бидат оценувани од преку 100 интернационални пивски судии со висок кредибилитет.
повеќе информации на линкот