Skip to content Skip to footer

ПИВО – ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТИЛОВИТЕ

Пивото се дели на голем број стилови и подстилови, а денес тие речиси и тројно се зголемија.

За да се снајдете ви пренесуваме еден мал преглед на основните и најпопуларни пивски стилови со нивните карактеристики.

PILSNER – Настанал во Чешкиот град Плзен во1842 г. Се појавил како одговор на пивото со лош квалитет. Локалниот мајстор на пивото Жозеф Грол го поправил пивото и со тоа си ја завршил работата. Тој е најзаслужен за експанцијата на овој пивски стил речиси во целиот свет. Се карактеризира со златно жолта боја и лесен и остар вкус.

INDIA PALE ALE –  IPA датира од 1700 г кога британските пивари почнале да додаваат повеќе хмељ во пивото. Таквото пиво потоа се праќало во Индија за Британските војници, а хмељот било како конзерванс за да го издржи долгиот пат и да не се расипе. Со тоа пивото добило интензивен мирис и горчина, но и повеќе алкохол.

HEFEWEIZEN – За ова пиво се знае уште од Средниот век. Станува збор за лесно пиво со слаба горчина од хмељот. Има матна златно жолта боја, нефилтрирано, малку овошен вкус (често на банана) и кисело.

PALE ALE – Карактеристиките на ова пиво варираат од држава до држава. Генерално има силен вкус на хмељот потемна боја и алкохол нешто повеќе од 6%.

STOUT И PORTER – Стоут и Портер пивото постојат од 18тиот век. Се пиеле во централен Лондон. Стаут и Портер се два различни стила. Стаутот е потемен и погуст од портерот, кремаста структура и посилен и со повисок процент на алкохол. Кај овие стилови често доминираат  ноти на чоколадо, кафе и дим, секако во зависност од комбинираните сладови.

BOCK – Се прави од 14тиот век. Првобитно го кувале монасите за свои потреби за време на Божик и Велигден. Бок е посилно пиво од лагерот и содржи обично од -7,5% алкохол. Бојата варира од светла до темно кафена, содржи малку хмељ, а во вкусот доминира и аромата на карамела.

БЕЛГИСКО ПИВО

Всушнот е комбинација на повеќе стилови кои потекнуваат од Белгија а се карактеризираат со интензивен и комплексен вкус. Мешавина на јачмен и пченица, слаба горчина и интензитет на хмељот, а во текот на ферментација често се додава и овошје и други зачини кои му даваат специфичен вкус. Бојата варира во зависност од употребените сладови а јачината на алкохол се движи од 6 па често и до 12 % алкохол.

 

 

Овој сајт е наменет за лица над 18 години