Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПРВИОТ ПЕТОК ВО МЕСЕЦ АВГУСТ Е ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ПИВОТО

Пивото е еден од најстарите пијалоци во светот, а Меѓународниот ден на пивото им дава можност на обожавателите ширум светот добра можност да наздрават во негова чест.

Овој ден се одбележува секој прв петок во месец Август а оваа година се паѓа на 6ти Август.

На пивото му успева тоа што на политичарите не може да им успее со години. Ги обединува луѓето од цел свет во заедничкат акауза за добро пиво. Повикајте некој другар наздравете со една кригла студено пиво разговарајте за пивото, разменувајте искуства, споделувајте искуства. Многу светски проблеми се решија со помош на кригла студено пиво.

ИСТОРИЈА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ПИВОТО

Луѓето се фасцинираа од неговата појава, кога се отрки дека зрното јачмен може да ферментира и создава ароматичен производ кој што некој се осмелил да го вкуси а при тоа да не умре, туку почувствувал мала возбуда, му се створила насмевка на лицето и извикнал „ЛЕЛЕ“ Оттогаш човештвото е опседнато со со усовршување на рецептите за пиво и производствениот процес во некое ново „ЛЕЛЕ“.

Пивото било конзумирано речиси од страна на секоја култура низ човечката историја. Најстариот доказ за производство на пиво датира од Вавилон и Месопотамија. Археолозите открија рецепти за пиво напишани на глинени плочи стари 4000 г и керамички садови стари 3500 години на кои сеуште имале остатоци од пивото. Пивото го пиеле и во древниот Египет, го пиеле свештени лица, деца, бремени жени, како дел од нивната секојдневна исхрана.

Почна да се прославува во 2007 г во Калифорнија, за да брзо се прошири во 207 града, 80 држави и 6 континенти. Од 2007 до 2012 се прославуваше на 5ти Август, а од 2012 г по пат на анкета од фановите одредено е да се случува првиот петок во месец Август

ИДП ТРАДИЦИЈА

Се организираат натпревари, среќен час, сите се обединети и добро се забавуваат на овој ден. Социјалните мрежи се полни со хаштагови, кои секој може да ги види. Се организираат посети во пивари, пабови,.

ИДП ВО БРОЈКИ

Потрошени 50 билиони галони пиво низ цел свет

8% се зголемува работата во производствениот процес во пиварата

2,2 милиони луѓе се вработени во пивската индустрија
цената на најскапото пиво во светот е $503,300 а тоа е Allsopp’s Arctic Ale а тоа е флаша од 140 години старо пиво кое што го произведувала експедицијата на Арктикот во 1875 г 

повеќе информации на следниот линк