Skip to content Skip to footer

ПИВО ЗА СЕКОЈА СЕЗОНА

Кога сте некаде на одмор или некое патување секогаш си понесувате и некое пиво за да си го пиете по дома. Но понекогаш тоа и не е исто како моментот кога сте го пиеле таму. Во што е грешката? Можеби знаете и од лично искуство, субјективниот фактор игра секогаш важна улога. Перцепцијата, вкусот и целокупното уживање се под влијание на голем број на фактори кои што може да го нарушат вашиот однос кон пивото. Кога сте на одмор не сте преопотоварени со секојдневните грижи и целосно сте посветени на вкусот на пивото. Соодветно на тоа поинакво е пивото кога го пиете во друштво, или уживате во истото кога сте сам дома.

Еден од тие фактори кои влијаат и за прецепцијата на пивото е и временската сезона. особено кога од денешен аспект ќе ја погледнеме широката палета на стилови кои нудат неограничени можности.

Значи да погледнеме во сезоните и што се пие во секоја сезона одделно.

СЕЗОНА ПРОЛЕТ

Деновите стануваат подолги, температурата полека расте, природата се буди. Ова се вообичаените знаци за пролетта. За ова годишно време препорачано е пивото од стилот Märzen   

Како што кажува и самото име се однесува на месец Март. кога и се готвело. Ова пиво има поизразен сладок карактер, богато изразена арома на слад и пријатна горчина слична ан Vienna Lager.

Пивскиот стил Saison,  исто така се смета за пролетно пиво. Како што сугерира името, неговото потекло го наоѓаме во Белгија. Се готви кон крајот на зимата или почетокот на пролетта, под услов да одлежува до Октомври. Идеалното сезонско пиво е посуво, зачинето, одлежува долго и во шишиња, често и со арома на квасецот, бојата варира од златно жолта до темно црвена, често го нарекуваат и farmhouse ale.

Додека овие први два стила спаѓаат во историските категории, третиот тип за пролетно пиво е од поновата генерација на пивски стилови а тоа е New England IPA . Пиво кое што се карактеризира со со силен овошен карактер, и кое што може да ве освежи со неговата содржина на алкохол. која што се движи од 6 до 9 %. Дефинитивно најдобриот избор за пролет.

СЕЗОНА ЛЕТО

За летото можеме слободно да зборуваме како главна сезона за пивото со оглед на тоа дека и се зголемува неговата потрошувачка. Потопло е, деновите се подолги, и лицето ни станува потемно :). Сепак, не секое пиво е погодно за лето. како на пример Russian Imperial Stout со 10 % алк. веројатно нема да уживате во него. Но. зависи 🙂 Како најсериозно типично летно пиво се смета лагер пивото Lager , со сите негови варијации без разлика дали станува збор за Американскиот лагер, Германскиот лагер, Чешкиот лагер итн. Едноставноста на овој стил е соодветен избор за летните денови. Пиво кое освежуав, лесно се пие, лесно ја гаси жедта.

Вториот летен пивски стил е Witbier , пченично пиво кое што е лесно за пиење, пенливо и има добра зачинета структура. Може добро да ве освежи и добро е и здраво за пиење. Често се произведува со несладена пченица, овесни снегулки, во комбинација со јачменов слад. Иноватор на овој пивски стил е Пјер Целис кој го измислил во 1960 г а денес е истиот рецепт на белгиското пиво Hoegaardeen. Дефинитивно уште еден одличен избор за летно пивско освежување.

Уште еден поширок спектар на варијации на темата пченични пива е и стилот Berliner Weisse , или киселото пиво. Пиво кое што има овошна компонента, кое што му дава уште посвеж каракетр. Лесно е на алкохол, и често се додава некој овошен сируп. Хармонија помеѓу квасецот и лактобактеријата. Хмељот е небитен во овој случај,

летните пива треба да имаат помала содржина на алкохол, треба да се поосвежителни, да испиете количина литри и безбедно да се вратите дома.

СЕЗОНА ЕСЕН

Во есента деновите стануваат пократки, постудени, и понекогаш неопходно е да се загреете со некое посилно пиво. Ова е една од причините зошто некои пива се со повисок процент на алкохол. За оваа сезона е препорачано Pumpkin ale, или пиво од тиква кое што корените ги влече од САД, и се крактеризира со поизразена нота на сладот, збогатено со многу зачини. Пивото е погусто, висока пена и добро е за пиење. Есента е исто така една од шарените сезони и затоа за оваа сезона препорачано е и Rye IPA, односно пиво со ржан слад, кој што дава земјести ноти, кои што може да го збогатат вкусот и карактеристичните овошни ароми за ИПА пивскиот стил.

Во есента ги имаме другите пива со потемни бои. таков пример е American Brown Ale, кој што нуди комбинација на слатки тонови на чоколадо какао, карамела, ореви, па на моменти и овошни ноти. Густо пенливо пиво со широк спектар на вкусови.

СЕЗОНА ЗИМА

Времето оди поспоро, денот е пократок, вечерите се подолги и температурите пониски. Кое пиво би можело да не загрее во овој случај?

Дефинитивно фаворит е Russian Imperial Stout кој што корените ги влече од Англија, од каде што бил извезуван за Русија, поточно за Руската Царица која што сакала потемни и посилни пива. се карактеризира со комбинација на слатки тонови на какао, кафе, чоколадо, разни видови на суво овошје,

Barley Wine е уште еден одличен претставник на зимските пива, или јачменово вино. Ова е практички пиво кое што има највисок процент на алкохол. некаде може да сретнете и случаи да надминува и над 13 %. Стил кој добро ќе ве загрее, и кој има густи ноти, карамела, сушено овошје од секаков вид. И третата категорија за зимските денови се Божикните пива или Christmas beer. Ова се Божикните специјалитети на пиварниците, кои се доста зачинети со кокос, цимет, ванила, морско оревче, анасон, каранфилче, ѓумбир, мед.

Како и времето се менува и расположението кај луѓето, па така и пивото може да биде разновидно. Понекогаш е потребно и да се погоди вистинското време кога би уживале во конкретен пивски стил за да ги откриете позитивните аспекти на пивото.

Пивото е потценет пијалок за разлика од виното , но во него уживале од Претседатели на држави до кралски семејства, затоа пивото е кралски пијалок и си заслужува повисок третман и внимание.