Skip to content Skip to footer

BRASSERIE DE SILLY: НОВИТЕ ПИВА Silly Triple Bio И Silly Session IPA ВО 2021 НАСКОРО И ВО ПИВСКИОТ САЛОН

Silly Session IPA – СВЕТЛО И ЛЕСНО ПИВО

Silly Session IPA е поблаго пиво од Green Killer, првото ИПА пиво од пиварата. Направено е со природни ароматски хмељови, и има помал процент на алкохол од претходникот. (4.2%). Идеално освежително пиво со суптилни цитрусни ноти, егзотични овошја, и многу слаба и пријатна горчина на крајот на непцето. Одлежува во буриња на нула степени целзиусови и на крај е додаден хмељот од сортата Цитра. Се служи на температура помеѓу  4 ° C и 9 ° C. Идеално е за гаснење на жед и споделување на удобен момент со пријателите или семејството.

Silly Triple Bio

После создавањето на органскиот Пилснер во 2009, Triple Bio  ја заокружува серијата на органски пива од пиварата Brasserie de Silly со поголема содржина на алкохол (9%) и многу вкусно со оглед на тоа дека се употребуваат суровини од сопствено производство како сертифициран органски слад, Белгиски органски хмељ и органски квасец. Silly Triple Bio има забалежителна нота на сладот збогатена со арома на банана, јаболко и мед. Завршува со суптилна горчина, и карактеристичната арома на квасецот. Во него може да уживате и како аперитив покрај добро јадење. со семејството или пријателите. Се служи на температура помешу  6 ° C и 9 ° C. Препорачани јадења: паштета, колбас, дивеч, месо во сос, печено јагнешко, или пушено месо, скара, риба, сино сирење, карамелизирани десерти.

Во меѓувреме пиварата редовно праќа свои пива на оценување па така 2020 се закитија со 3 медали: на European Beer Challenge 2020. со двојна златна медала за Abbaye de Forest. и сребрена медала за Silly Season. златна медала за ORGANIC SILLY во категоријата на Германски пилснер, 12 медали за 12 месеци.

 

извор: Brasserie de Silly