Он лајн продажбата би можела значително да го зголеми кругот на луѓето кои го сакаат пивото, а во ваква ситуација, барем целата држава, теоретски би можела да стане еден голем пазар. Во изминатиов период кога бевме соочени со вонредна состојба, а тоа значи карантин, односно затворен синџир на ресторани, хотели, пресечен канал на дистрибуција и продажба, недостаток на комуникација со конзументите, речиси сите увозници па и производители на пиво се определија на он лајн продажба на своите пива. Но, се поставува и прашањето дали и после завршувањето на оваа вонредна состојба ќе се продолжи со оваа практика.
Порталот за промоција на пиво и пивска култура се определи да продолжи со своите активности и на ова поле имајќи го во предвид забрзаниот начин на живот, немање на време да се обезбедат омилените намирници, се определивме да стартуваме и со сервисот за он лајн продажба на пиво до вашиот дом. Едноставно да бидеме во тренд барем во овој сегмент. Овој концепт и оваа идеја почнавме да ја развиваме уште во 2005 тата година кога немаше толку развиен систем како денес, како прва интернет продавница за пиво и поради малиот интерес се определивме за отварање и на физичката продавница. Денес покрај сите ресурси кои ни се достапни сметавме дека е дојдено вистинското време за да ПИВОТЕКАТА биде вашиот основен извор на информации за набавка на вашето омилено пиво. Покрај нашиот увоз кој постојано ќе го збогатуваме со нови содржини и нови пива, секогаш ќе бидеме отворени за соработка и со останатите увозници на пиво, но најголемо внимание ќе посветиме и на новите Македонски пива кои допрва ќе се појавуваат на пазарот.
И покрај тоа што доцниме за разлика од земјите од регионот во бројот на новорегистрирани крафт пивари и стилови на пиво, сепак со олабавувањата околу законската регулатива се остава добра можност и основа за некаков почеток во оваа дејност. Малите пивари со овој начин на дистрибуција и достава можат побрзо да стигнат до своите клиенти и им се дава можност да ги пласираат своите производи.
Се надеваме дека со овој потег ќе се зголеми и културата на конзумирање но и почитување на овој древен пијалок.
Затоа нешето мото е секогаш ВИЕ ИМАТЕ ВКУС НИЕ ИМАМЕ ПИВО
Сакам Пиво Портал и продавница за промоција на пивото и пивската култура.

Крафт пиварството, занаетчиското пиварство или домашното пиварство има своја долга историја и традиција и во нашата држава. Во 90тите години од минатиот век, градот Прилеп беше горд на своето „Семејно МАКЕДОНСКО Пиво“ првото крафт пиво во Македонија, продукт на семејната компанија „Андикома“, пред точно 20 години, во производство на Димитрија Стојаноски од Прилеп сопственик на првата мини пиварница во Македонија.