Skip to content Skip to footer

ЗИМСКИ ПИВСКИ САЛОН БР 6

Почитувани љубители на пивото.

 

Традиционално крајот на годината го одбележуваме со уште еден пивски салон во организација на порталот за промоција на пиво и ширење на пивска култура сакампиво.мк. Трет по ред во декември, ова е 6-иот пивски салон посветен на македонските занаетчиски пивари и домашните пивари од хоби, на дел од увозните пивски брендови, дестилерии, увозници на опремаза производство на пиво.

Зборот „крафт“ во уметничкиот свет традиционално се користи за да се опишат еден вид на уметнички дела, а во пиварството се користи за да се истакне создаде пиво со креативни рецепти, но и преку уметнички пристап до неговото финално создавање. Во неколку истражувања откривме дека многу „пивски уметници“ се инспирирани од самите материјали, но и од односот кон овие две навидум различни сцени, да не кажам индустрии.

Овие уметници ја превземаат пивската уметност на едно повисоко ниво. Тие го користат не само пивото за да насликаат со него одредено дело, туку и парчиња од лименките, етикетите, тапите, па и самите шишиња за да ги направат своите креации кои се движат од реални до апстрактни – и секој од нив си остава свој белег. Исто како и сцената на занаетчиското пиво, таа не е само локална, туку е и глобална.

сакампиво.мк на пивските салони се обидува токму и тоа да го направи: тој креативен спој на уметноста како занает и уметноста да се направи добро занаетчиско пиво; да ги инспирира локалните уметници да направат креации од пивските „остатоци“ и да ги презентираат на некои од пивските салони, од дизајн на етикетата на пивото со давање на чиста слобода во нивната креативност, до создавање на одредени креативни парчиња од самите пивски шишиња, тапи, лименки и сл.

 

„Вие имате вкус, ние имаме пиво”.

За ова издание на Третиот зимски пивски салон ќе мора да се придржуваме до сите протоколи и препораки од Министерството за Здравство, а тоа се:
1. Настанот ќе се одржи во согласност со Ковид протоколот на Министерството за здравство.
2. Задолжително е да поседувате и на влезот на местото на одржување да покажете сертификат за двојна вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа, или сертификат за прележан Ковид во изминатите 30 дена.
3. Бројот на посетители внатре во објектот е ограничен со ковид протоколот, па затоа се извинуваме за евентуално задржување кое може да се создаде на самиот влез.
4. Задолжително е носење маска.
5. Влезот и присуството не е дозволен за лица кои се веќе во алкохолизирана состојба, a доколку бидат забележани, веднаш ќе бидат отстранети од нашето обезбедување
6. Малолетниците се добродојдени исклучиво во присуство на родител, а точење на пиво за малолетници не е дозволено. Сепак на настанот ќе може да се најде безалкохолно пиво и вода
Билетите во лимитирана серија може да си ги купите од следниот линк
КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ НА ЗИМСКИОТ ПИВСКИ САЛОН ВО БЕСТ ВЕСТЕРН ХОТЕЛ ТУРИСТ

МАКЕДОНСКИ КРАФТ ПИВАРИ
– ПИВАРА СТАР ГРАД – СКОПЈЕ (Old Town brewery Skopje)
– СТАРОГРАДСКО ПИВО
– CRAFT HOUSE CROWN – ВЕЛЕС
– ПИВОЛАБС – СКОПЈЕ
– ЗАНАЕТЧИСКА ПИВАРА БАКРЕВСКИ – БИТОЛА

ГОСТИ
– BEVOG AUSTRIA BUZZ HAZY IPA ON TACITTAVECCHIA – TRIESTE ITALY
– TEKTONIK – SLOVENIA
-SOFIA ELECTRIC BREWING – BULGARIA

HOMEBREWING CORNER
– КУРАЈБЕЕР – СКОПЈЕ
– BELLEZA BREWING -СКОПЈЕ
– CLOCK TOWER – НЕГОТИНО
– CRAFT BEER – КАВАДАРЦИ
– ПИВАРАТА НА САНДЕ – SANDE’S BREWERY-СКОПЈЕ
– ДЕНИ ОМЕРАГИЌ – СКОПЈЕ
– МАРСКИ МАЦ – СКОПЈЕ

SLOW FOOD CORNER
– V’K FINE CRAFT RAKIJA
– TUF ПРОИЗВОДИ ОД ТАРТУФИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ПИВСКИОТ САЛОН

– FARMAHEM (ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПИВАРСТВО И ОПРЕМА ЗА ТОЧЕЊЕ)
– MELANI DIGIT – FASHION DESIGN & T SHIRTS
– JUST MUSIC RADIO
​​*********************************
SAKAM PIVO DOOEL
BEERSHOP MACEDONIA
www.sakampivo.mk​
info@sakampivo.mk
https://www.instagram.com/sakampivo.mk/
https://www.facebook.com/sakampivomk​
​tel. +389 70 266 626
St. Maksim Gorki 25/4, 1000 Skopje, Macedonia

*********************************