Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

WORLD BEER AWARD 2020: ДОМИНАЦИЈА НА БЕЛГИСКИТЕ ПИВА, ДУРИ 104 НАГРАДИ

104 Белгиски пива добија награди на World Beer Award, интернационален натпревар на кој се оценуваат пива од цел свет. 40 Белгиски пивари на овој начин ја покажуваат разликата од останатите пива кои можеби ќе ги поттикнат некои да ги откријат допрва овие пива или пак да ги променат своите навики.

Во подкатегориите од 9 категории, не е лесно да се проследи навигацијата, но ова се наградените:

*11 медали за категоријата на „Dark Beer “односно темни пива
*19 медали за пива со вкусови односно „Flavoured“
*6 медали за категоријата „ИПА“
*38 медали за категоријата „Pale Lager“
*21 медала во категоријата на „кисели и диви пива“ Sour and wild ale
*5 медали во категоријата на „специјални пива“
*2 медали во Стаут и Портер
*6 медали за Пченични пива

Ги издвојуваме:

DUVEL

Duvel / Best beer in Belgium: Природно пиво со пријатна горчина, рафинирана арома и изразен вкус на хмељот. Белгиско специјално блонд пиво кое што одлежува 90 дена за да даде извонредни резултати!

Cherry Chouffe / Best beer in Belgium: Последното пиво од Brasserie d’Achouffe. Ова пиво е направено како бленд од Mc Chouffe и од вишни од кои добива прекрасна црвена боја. Во вкусот доаѓа до израз аромата од вишните, и шумските плодови.

Tripel D’Anvers / Argent : Пиво со горна ферментација и темно црвена боја која му дава овошна арома, суптилна поврзаност помеѓу сладот од типот пале але и карамел

Liefmans Goldenband / Argent: Произведено по една специјална постапка на отворени танкови со мешана ферментација, каде што останува од 4 до 12 месеци во темни простории. Вака одлежаното пиво се меша со младо пиво со што се рестартира ферментацијата и оптимизира одлежувањето во шишињата. Liefmans Goudenband е пиво кое што ги има аромите на вино, и се развива со текот на времето и одлежувањето.

St. Bernardus Brewery доби три награди за нивните пива St. Bernardus Tripel / Gold, St. Bernardus Prior 8 / Bronze, St. Bernardus Abt 12 / Bronze

Brouwerij Kazematten доби бронзена медала за нивното пиво Wipers Times 14 додека пиварата Bosteels доби награда за легендарното Kwak пиво благодарение на уникатната чаша и рецепт уште од 1840 г. и сребрена медала за Tripel Karmeliet кое е резултат на работа, страст и љубов на 7 генерации по ред, произведено по рецепт од 1679 г.

За најдобро белгиско пиво награди добија и пиварите Marcusbeer, Namur Craft Brewery, Brasserie de Brunehaut, Vanuxeem Brewery, Brouwerij Huyghe, за нинвиот бренд Delirium, Brouwerij Roman, Petre Devos, Brouwerij Breda, Brouwerij De Brabandere, Superfoodbeers / Mons, Force Majeure Brewery, Scheldebrouwerij,