Skip to content Skip to footer

РЕАКЦИЈА НА ПИВАРИТЕ НА COVID-19

Со едно чукање на срцето и еден здив се промени светот на пиварството. Баровите се затворија низ целиот свет, бизнисите се затворија, и падна продажбата на пиво.

Вирусот кој започна од Кинеската провинција и го зафати речиси целиот свет, пандемијата продолжува да предизвикува глобални сериозни нарушувања. Во светски рамки милиони хектолитри пиво се оставени во резервоарите, неискористени и непродадени. За жал, многу од нив мораа да бидат и уништени.

Соочени со можноста да фрлаат илјадници литри пиво што не можеше да се достави до рестораните и хотелите поради нивното затварање, една пиварница од Западна Германија, стана креативна. Willinger Brauhaus во западниот дел Хессе донираше илјадници литри пиво на рестораните и хотелите, кои што поради ограничувањата од КОВИД – 19 не беше дозволено да се доставува до клиентите. Неколку германски провинции планираат постепено да ги отвараат своите ресторани и хотели, во следните неколку недели, сопственикот Франц Маст, изјави дека пиварата мора да ги испразни своите танкови, и да ги наполни со свежо пиво. Наместо да го фрла, пиварницата решид а го подари.

Германските пивари се во неколкунеделна предност од оние во Обединетото Кралство. Според извори од Британската индустрија за пиво, повеќе од 10 милиони литри точено пиво, во студените визби и пабови, ќе мора да бидат уништени. Според податоците објавени од Британското Здружение за Пиво и Пабови (British Beer & Pub Association, лиценцираните 50000 пабови мора да го фрлат своето пиво, За многумина оваа вест беше дочекана како нож во срце. Некои пабови во Британија повторно се отворија, но по строги правила за социјална дистанца, додека други се очекува да бидат затворени и подолго.

„Иако Британската Влада, изјави дека давачките платени за фрленото пиво може да ги побараат пиварите и пабовите, но сепак процесот е долготраен и тежок“ изјави Ема Мекларкин извршен директор на Британското Здружение за Пиво и Пабови (British Beer & Pub Association. Повеќето пивари во Британија повторно почнаа да работат, но произведуваат минимални количини на пиво.

главниот мајстор на пиво од фамилијарната пивара Harvey’s Brewery од Сасекс, Мајкл Џенер рече: На крајот на Мај го произведовме нашиот најдобар Best Bitter до сега, ферментацијата е во тек. Ние работиме во помали групи, правилно сме организирани и работиме индивидуално. Нашиот втор мајстор на пивото (кувар) Питер Јарлет ја надгледува целата операција со двајца членови од персоналот. Во сито време флаширавме шишиња од 500 мл и барел буриња од 5 литри од best Bitter со група од четири лица. Гледаме растечка побарувачка од винарските визби и он лајн продавниците за испорака до крајните потрошувачи. Се надеваме дека ќе работиме на оваа основа и овој концепт, во текот на вонредната состојба, за да го одржиме нашето ниво и д а ги снабдуваме клиентите кои не поддржуваат со тоа што го пијат во своите домови.“

Во Азија, пиварата Lion Brewery од Шри Ланка, продолжи со својот извоз, откако островската земја го олесни двомесечниот карантин. Во официјалното соопштение на пиварата стои: Lion Brewery продолжува со финансиските активности и овозможува компаниајта да извезува во земји како Австралија, Канада, Јужна Кореја, Уганда, Обединетите Арапски Емирати и САД. „Глобалните потрошувачи и нашите граѓани кои живеат надвор од Шри Ланка сега можат да уживаат во нашето пиво од светска класа“.

Heineken и Tiger Beer превзедоа чекори во разгледување на маркетинг стратегиите, и ја зголемуваат иновативноста на нивниот продукт. бидејќи бележат зголемена продажба на Интернет на нивното пиво. Од компанијата велат дека и покрај затварањето на ХоРеКа синџирот Интернет продажбата би можела да ги избалансира загубите, „Секоја земја која што мораше да ги затвори своите продавници за храна и пијалоци како дел од безбедносните мерки, имаше влијание врз продажбата и нанашето пиво“ вели извршниот директор на Хајнекен и тајгер Мод Мејбум.

Канадската Асоцијација на Крафт пивари The Canadian Craft Brewers Association (CCBA) објави едно отворено писмо во кое се вели дека поголемиот дел од пиварите во Канада, доживуваат сериозни проблеми, а повеќето не се профитабилни и пред пандемијата од КОВИД – 19. Иако вкупните приходи и уделот на пазарот продолжуваат да растат, од Здружението изјавија дека природата на малите производствени бизниси е потребата од континуирана реинвестиција, особено во првите години. Малите пивари се всушност три компании: производство за пиво, ресторан и продавница за малопродажба. Од овие причини пандемијата од коронавирусот беше проазителна за канадските микро- пиварници се вели во писмото.

Во Австралија пабовите се затворени со месеци, Тие се соочуваат со долга битка за да преживеат под новите строги правила додека Австралија излезе од својот карантин.

Во Обединетото Кралство, Ник Антона шефот на Campaign for Real Ale, ги сумираше чувствата на повеќетомина. Ја најави програмата Brew2You, која ги охрабрува луѓето да купуваат директно од локалната пиварница, велејќи: „ Ова се невидени времиња, во пивската индустрија, индустријата за сајдер и пабовите. Сега сите треба да работиме заедно, за да им помогнеме на производителите и пабовите, во Британија да продолжат да пловат и понатаму. Сакаме да ги доведеме луѓето во пабовите,а како и производителите на пиво и сајдер, во нивната област, за да можат да си го купат своето омилено пиво и добијат топол оброк. од локалниот мал пазар, наместо да чекаат редици во супермаркетите. пабовите и пивниците сега имаат потреба од вашата помош како никогаш до сега и потребна е силна поддршка од локалните заедници“.

Во Италија, Министерството за Земјоделство, храна и шумарство ги поддржа рестораните, баровите и пабовите со финансиска поддршка од 10000 евра да купуваат 100% Италјанско пиво. Во второто издание на информативното гласило the Beer Information Center квартално издание од светот на пивото од асоцијацијата AssoBirra, која има за цел да понуди ажуриран и целосен преглед на италијанскиот сектор за пиво со собирање информации од различни страни: како оној на самите Италијанци, на брендот, на синџирот на снабдување и на AssoBirra, во соработка со истражувачката компанија BVA Doxa. И покрај драстичната промена на потрошувачките навики предизвикани од здравствената криза ситуацијата е подобрена. 9 од 10 Италјанци купуваат пиво, брзо се зголемува растот на Италјанците кои купуваат пиво преку Интернет, и го користат каналот за е-трговија.

Елена Мијасникова, вонреден професор на деловниот оддел за ресторани на Рускиот Економски Универзитет Плеханов, пресмета дека поради ограничувачките мерки во Московските кафулиња и ресторани во Декември-Јануари може да изгуби најмалку 40 милијарди рубљи или 20% од годишниот промет, а во генерално, до крајот на 2020 година, прометот ќе падне за повеќе од 50% во споредба со 2019 година.

Претседателот на Балтика Ларс Леман изјави дека пандемијата ги смени навиките на Русите во поглед на потрошувачка на пиво, помалку се трошат различните видови на пиво, а се зголемила потрошувачката на безалкохолното пиво. и тоа благодарение на активирање на продажбата преку Интернет. -Во Русија, за разлика од Западна Европа и Америка. луѓето не купуваат пакување од 6 пива, или 12. ПЕТ амбалажата е нискобуџетна, и полесное да се носи тој волумен во нејзе. Потрошувачите сега станаа повнимателни. Се обидуваат да ги избегнат гужвите, и обрнуваат внимание ан цените на стоките.

Во Чешка Република повторно се затворени рестораните и баровите и забрането е пиење на алкохол на јавни места, падна продажбата на точеното пиво, но затоа за околу 5 % се зголеми продажбата на флаширано пиво по маркетите што на некој нечин се ублажуваат загубите, но затоа производството е намалено за 10%, изјави Душан Кранкус од пиварата Дудак, во Дудак.

Но од друга страна, една пивара од Будјевице Самсон која што вработува околу десет илјади луѓе, и покрај тешките услови за работа сеуште не планира да отпушта работници и добро работи. Тие практично ја користат Антивирус Б програмата или Агроковид, Во летото го прекинаа производството на барел пивото поради пандемијата, и сеуште извезуваат во 30 земји. Budějovický Budvaр исто така го стоприаа прозиводството на пиво во буриња, но и покрај тешката ситуација Будвар ја завршуваат оваа година со слични бројки како минатата.