По долго убедување, но и конзумирање на нивните пива, ете конечно се одлучив и на оваа кратка пивска авантура во посета на микропиварата од Сер, Voreia. Се наоѓа во Севернито дел од Грција, односно на 60 км од Солун и веднаш се наоѓа на самиот пат. Voreia во превод значи „Север“ oд каде што доаѓавме и ние од соседната Македонија (денес Северна) со која што уште при првиот контакт и комуникација воопшто не наидовме на никаков отпор или негодување поради претставувањето од каде сме. Не пречека ведрата и насмеана Маријана, која веднаш не прими и прошета по малиот погон.
Пиварата е основана во градот Сер, односно Серес, Грција во 2013 година оперира под името Siris Microbrewery. основана од луѓе кои се вљубеници во специјалните пива, и имаат историја во креирањето на гастрономски продукти од прва класа.
Компанијата инвестираше во интегриран систем од најсовремена технологија, иновативен и уникатен според грчките стандарди за една Грчка микропивара, што овозможува да се произведуваат производи со врвен квалитет достојни да се натпреваруваат и со најпопуларните занаетчиски пива од целиот свет. Денес Voreia произведува 5 стандардни рецепти (Pilsner, India Pale Ale, Stout, Wit, Smoked Amber Ale) и плус уште 6 специјални лимитирани серии Imperial Porter, Summer Ale и некои други. Е токму тие се мелем за душата и срцето.
Капаацитетот се наоѓа во еден објект од 800 метри квадратни под покриена површина, и има капацитет од 260.000 литри пиво на годишно ниво, за пиво кое што на прво место е квалитетот наспроти квантитетот. Нивните пива изобилуваат со уникатни вкусови и ароми од локални состојки и делумно увезени како сладот и хмељот, богат вкус и арома.
Кога сме веќе кај наградите ѕидот од собата за дегустација беше исполнет со разни плакети, награди и признанија од разни натпревари огранизирани на локално и интернационално ниво. Од нив неверојатно вкусниот Портер со 6% со богата арома на чоколада и карамела веќе има добиено награда во Белгија, Исто така многу освежителен и вкусен е и нивниот Pils (5%), IPA (7%), и специфичното Бело пиво Wit (7%), Пивата ги служат во локални барови и продавници речиси низ цела Грција, а имаат и посебни извозни центри како Лондон, Речиси да имаа пиво за секој период од денот, од утринските часови кога сакате да се освежите со нешто а да не е алкохолно го имате Voreia Low Alchocol, премиум пивото со 0,8 % алкохол со лесен освежителен вкус и изобилство на освежителни ароми. регуларното VOREIA Pilsner Beer со 5% алкохол, е класично но и модерно пилс пиво, со многу цитрусни и флорални ароми, и средна пријатна горчина, VOREIA India Pale Ale со 7% алкохол е за попладневните часови, енергично, моќно, во кое што доминираат американските хмељови, VOREIA Wit Beer е пченично пиво со изненадувачки 7% алкохол, белгиски рецепт со медитерански вкус, миксови на коријандер и портокал, за прв пат во некое Грчко пиво. VOREIA Stout Beer со 6 % алкохол е за доцна попладневните часови, нефилтрирано, непастеризирано класично але пиво со богат вкус и арома на печен слад и чоколадо. 6 различни јачменови слада и дополнително уште еден чист Грчки јачмен, да јачмен а не слад. Во текот на ноќта доаѓа време за VOREIA Smoked Amber Beer со 7% алкохол, првото пиво кое што има добиено награда од нивното здружение на аматерски пивари Association of Amateur Brewers of Greece (SIZE) иновативен рецепт со кој се раздвижи Грчката сцена на занаетчиски пива. Делкатен вкус на димена сланина, тутун, дрво, карамела, и шумски плодови. Додека сте на сонце може да уживате и во Greek Summer Але пивото со 4,5% алкохол. лесно пиво и многу кул. доминираат американски хмељови со тропски ароми Врв на денот е Imperial Porter со 9 % алкохол за специјалните зимски моменти, но може и за крај на денот. Богатство на ароми и вкусови од цимет, ванила, текила. 7годишен одлежан рум. шумски плодови, свежо етиопско кафе, ржен слад и печен слад, пиво кое што целосно ќе ве збуни и смени перцепцијата за овој пијалок.
но, не сме завршиле, тука е и нивниот специјален серијал од крафт пива новата верзија на лагер пивото би требало да биде Hoppy Lager пивото со хмељот Huell Melon со техника на суво хмељење EAST COAST IPA содржи 5,2 % алкохол е нивната верзија на класичната американска ИПА, со хмељови како Mosaic, Centennial и El Dorado и дополнително Azacca и Citra.
Во секој случај оваа кратка еднодневна турнеја заврши со среќен крај со посета на една од најдобрите специјализирани барови во светот за занаетчиски пива The Hoppy Pub во Солун каде што конечно имав прилика да се сретнам и запознаат со сопственикот Џорџ Алексакис. но за тоа во некоја друга прилика.
и сфатив дека кај денешното ново, модерно и занаетчиско пиво идентитетот воопшто не е битен, од која земја доаѓа и слично. Секое занаетчиско пиво има свој идентитет и заштитен препознатлив вкус кој или го сакате или не. Истото тоа пиво истиот тој стил ќе го пробате без разлика каде сте дали сте во Романија, Бугарија, Србија, Словачка, Хрватска, Словенија, вкусот на пивото е тој.
До следната репортажа, ви посакувам пријатен ден
Марјан Костадиновски, вашиот водич кон добро чисто и здраво пиво. каде и да сте од каде и да сте.