Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СЛОВЕНИЈА: ПОВТОРНО СЕ ОТВАРА ФОНТАНАТА СО ПИВО, НО СО ОДРЕДЕНИ МЕРКИ

Отварањето ќе биде одржано во согласност со насоките кои што ги издаде Националниот институт за јавно здравје, со што би се спречило ширењето на коронавирусот.

Љубителите на пивото се радуваат дека Фонтаната со зеленото злато, или првата фонтана со пиво во светот, повторно ќе биде отворена за јавноста во Словенскиот град Жатец, после полугодишната сезонска пауза.

Отварањето беше одложено за еден месец поради пандемијата со коронавирусот, а на отварањето ќе се претстават со 30тина марки на словенски пива. Отварањето ќе биде во согласност со насоките кои што ги издаде Националниот институт за јавно здравје, со што би се спречило понатамошното ширење на коронавирусот.

За таа цел ќе биде поставена сигурносна стаза по која што посетителите ќе може да се движат за да се обезбеди почитувањето на мерките за социјална дистанца.

Само по три лица ќе може во исто време да влезат во делот во внатрешната структура на фонтаната. но ќе мора да бидат на оддалеченост најмалку 1,5 метри. Исто така ќе мора да има и средство за дезинфекција на рацете.