Skip to content Skip to footer

ДЕГУСТАЦИЈА НА КИСЕЛИ ПИВА ОД СЛОВАЧКА

Денес IPA Пивскиот стил е веќе тренд, но киселите пива се безвременски. Овие пива се одлични за љубителите на виното, убаво се спаруваат со храна. Киселите пива стануваат популарни во последната деценија почнувајќи од САД, кои што ја даваат основата. Кога зборуваме за киселите пива постојат две различни школи. Спонтано ферментирани со див квасец и стареат одлежувајќи во буриња, и се сметаат за скапоцени и доста ценети пива (Lambic) со прецизни техники во производството, совршени методи на ферментација, бактерии од воздухот или амбиенталната околина, и одлежуваат во шишињата со месеци или со години. Додека оние вторите се со киселост која што доаѓа од бактериите -лактобактерија која што создава млечна киселинакоја што резултира со чиста киселост, brettanomyces див квасец познат и по неговото кратко име brett, што создава посува палета на вкусови и комплексни ароми . Овошјето е исто така чест додаток на овие пива. Kако најпопуларни кисели пива се издвојуваат стиловите American wild ale, Berliner Weisse, Flanders red ale, Gose, Lambic, Oud bruin. 

Порталот Сакампиво.мк успеа да стигне до некои ретки такви кисели пива и следува еден мал преглед и опис при нивната дегустација. Ни пристигнаа директно од Словачка од нашиот пријател Бобо (Претседател на Словачкото Здружение на домашни пивари).

Sourise 12% Fruit Sour Ale

Стил на пиво: Fruit Sour Ale (* 2021 Raspberry & Passionfruit)
Екстракт: 12.0 °, Алкохол:  5.0% I  IBU:  515
Состојки: Јачменов и пченичен слад, модифицирани хмељови, квасец, малини, тропски овошја Волумен 0 , 5L
Овошно пиво со розева боја освежителен и кисел вкус, Ако некој во 2015 година ви кажеше дека ќе дојде времето кога киселите пива  ќе станат стандарди во пиварниците ќе му се насмеевте
Производител: pivovar Hellstork Словачка пивара која што од хоби односно од производство на пиво во тенџере прерасна во пиварница. И како млади производители учествуваа на разни натпревари за да соберат искуство и запознаат луѓе кои им помогнаа и од кои многу научија. Врз основа на овие односи дојдоа до идејата да ја отворат пиварата и за другите кои сакаат да сварат сопствено пиво во нивната пивара. Нешто што кај нас сеуште се смета за криминал и незамислива авантура. Рецептите се создадени во домашни услови и прилагодени во нивната пивара. Произведуваат разни специјални пива, наместо оние веќе комерцијални стереотипи со цел да ги збунат конзументите. Започнаа во Декември 2012 г и од номадска пиварница станаа вистинска мала занаетчиска пивара која што не произведува хектолитри, туку желба да остават некоја трага во новата ера и новиот почеток. Добитници се на бројни награди во 2019 за најдоро пиво во Словачка од RateBeerBest Awards, ateBeerBest Awards – Best Brewer of Slovak Republic 2018Slovak Academy Pivovarnícka – Sládok year 2018Slovak Academy Pivovarnícka – Flying Brewery year 2018Slovak Academy Pivovarnícka – Flying brewery of 2017Slovak Academy Pivovarnícka – Flying Brewery of the Year 2016Slovak Brewing Academy – Innovator of the Year 2016Slovak Brewing Academy – Flying Brewery of the Year 2015.

КОНЗУМИРАНО НА: 1.05.2021 Број на дегустатори 3 Температура на служење 8 ° C
1. Арома –  овошна арома, егозични овошја, малина, многу благо присуство на млечна киселина, слабо присуство на хмељ, чист профил на пиво.
2. Боја – портокалова и транспарентна
3. Пена – средна стабилна бела пена која што остава убави траги во чашата
4. Вкус – чист, овошен, освежителен, совршен за стилот
5. Горчина – тешко да се идентификува за овој стил
6. чувство во устата – слабо присуство на алкохол, лесно тело, доста освежително и интересно.
7. општ впечаток – прв пат со киселите пива се соочив во Римини на манифестацијата Birra Del Anno 2020 година и навистина беше тешко да се даде било каква оценка и карактеристика. Пазарот кај нас е тенок со овој тип на пива и првото Sour Ale кое што се донесе во продавницата беше од белгиската пивара Silly Sour. Ова е навистина изненадувачки интересно пиво за сите оние кои што им се здосадени веќе традиционалните пивски стилови. Доколку сте склони кон експериментирање на вксувите пробајте некое вакво пиво. Но да не биде како онаа анегдтоната кога дечко порачува некое пиво а на етикетата пишува SOUR ALE и го вика келнерот и му вели: дечко пивово ви е кисепо, дај ми друго :).

Brandenburg IMPERIAL GOSE W/SOUR CHERRIES

Gose или ɡoʊzə е стил на пиво кој што потекнува од градот Гослар, Германија.Обично се приготвува на температура со најмалку 50% комбинација на јачменов слад и пченица. Доминантните вкусови вклучуваат киселост на лимон, билна карактеристика и силна соленост (резултат или на локални извори на вода или додадена сол). Пивата обично имаат умерена содржина на алкохол од 4 до 5% ABV Доминираат киселите вкусови на лимонот, билки и силна соленост (која што е резултат од локалните извори на вода или со дополнително додавање на сол). Овие пива обично немаат изразена горчина на хмељот, користат многу коријандер и се сметаат за специјалитет во регионот кој што не е во согласнот со Германскиот закон за чистота на пивото и дел од фамилијата на киселите пива. Belgian Witbier, Berliner Weisse, Broyhan.

Производител gypsy brewery Unorthodox Brewing (Bratislava) произведено во Pivovar Hostinec (Košice).
Стил на пиво:  Imperial Gose, Imperial Pastry Gose, with cherries, непастеризирано, нефилтрирано
Алкохол: 8,5% Волумен: 500 мл
Состав: вода, јачменов и пченичен слад, хмељ, квасец, лактобактерија плантарум, Хималајска сол, пире од вишни
температура на служење 8 ° C КОНЗУМИРАНО НА: 1.05.2021 Број на дегустатори 3 

1. Арома –  лесна освежителна арома на цреши, ноти на цимет, ванила нежна и мазна киселост, избалансирано и усогласено.
2. Боја – рубин боја чисто и транспарентно
3. Пена – висока пена со розева боја од самиот плод, формира тенок прстен по извесно време во чашата
4. Вкус – вкус на сладот со доминантност на црешата, малку се чувствува соленоста одлично избалансирано
5. Горчина – речиси неприметна
6. чувство во устата – средно и полно тело, блага киселост
7. општ впечаток – екстремно пиво, необично и неспецифично. брутално сокриен алкохолоѕ и совршено за сите оние кои сакаат да експериментираат со вкусот и пробуваат разни неконвенцијални пива. Штета што кај нас сеуште нема вакви пива.

gypsy brewery означува термин кој што одреден производител кој што нема своја соодветна и дополнителна опрема а го има рецептот, го произведува пивото во погони на друга пивара, нешто што е нормална појава во Европските држави. Unorthodox е неортогоксна пивара која што пркоси за тоа што мислат другите луѓе за нив и но се грижат за тоа што мислат за нивните пива. Во секоја капка го оставаат срцето и душата и се грижат секое пиво да биде освежително и вкусно. Пива за сите диви, храбри, и неконзервативни луѓе, како нас .)

GENERAL PASSION FRUIT FRUIT INFUSED SOUR

Пиварата Generál е мала микро пивара од Братислава која што официјално почна да произведува пиво од крајот на 2018 година. Произведуваат нефилтрирани и непастеризирани пива и фокусот им е на традиционалниот Lager, но и ALE, IPA, APA, weissbier и некои сезонски специјалитети како што е овој овошен микс.
Производител General Pivo, Братислава Словачка
Стил на пиво: Passionfruit Sour   непастеризирано, нефилтрирано
Алкохол: 4% Екстракт 10 %Волумен: 500 мл
Состав: вода, јачменов и пченичен слад, хмељ, квасец, пире од тропско овошје
температура на служење 8 ° C КОНЗУМИРАНО НА: 1.05.2021 Број на дегустатори 3 

1. Арома –  мала овошна киселост, во позадина доминира сладот со тропското овошје и цитрус.
2. Боја – жолта боја и малку матно
3. Пена –  средна стабилна пена која што формира мали меурчиња
4. Вкус – преовладува висока киселост од овошните естери,
5. Горчина – незабележителна горчина поради доминација на киселоста
6. чувство во устата –  лесно и водесто тело
7. општ впечаток -идеален пијалок за летните жешки денови, вистински пивски коктел.