Skip to content Skip to footer

САКАМ ПИВО.МК НА KUBO BEER AWARDS 2023 – BOLZANO ITALY

Настанот Beer Craft 2023 во Болзано, Италија е инспириран од културата на крафт пивата, ексклузивни сесии на спарување на пиво со храна, и воркшопови од научен аспект.

Настанот се одржа на 19ти и 20ти Мај и е еден од одлично организираните настани каде што се промовира културата на занаетчиските односно популарно познати како крафт пива, а за прв пат фокусот беше ставен на дегустација и оценување на само точени пива. Сакам пиво.мк беше дел од интернационалниот тим на пивски експерти поточно 22 интернационални судии и врвни познавачи од менаџменотот на најпрестижните Европски пивски натпреварувања како European Beer Star, the Private Brauereien
Bayern and the Doemens Academy. Ова селектирано жири имаше задача да ги одбере најдобрите пива во различни категории како и престижна награда за најдобра пиварница. Уште еден белег на овој фестивал е и соработката со Slow Food Italia и производителите на сирење “Genussbunker” Hubert Stockner и познатите гурмански водачи Матијас Кирхлер (lunaris1964) и Ханес Рајнер (Naturhotel Rainer) кои заедно се претставија со импресивни спарувања на пиво со храна и пива од регионот јужен Тирол. За прв пат се одржа и научна работилница како дел од Beer Craft. Првата тема беше насловена како “A malt house for South Tyrol”  а втората работилница не водеше во светот на историските квасци од тој регион , нивната важност и разновидност при нивното култивирање и како тие се користеле во минатото.

„Beer Craft“ не е само платформа за уживањето на крафт пивото, туку нуди и простор за научна размена и дискусија, истражување и иновации, изјави Лукас Нидермајр еден од организаторите на овој фестивал. Ние сме горди не само што им нудиме на
посетителите висококвалитетно пивско искуство, туку и можност да навлезат подлабоко во уметноста на пивото и науката за пиво.“

Beer Craft 2023 им даде можност на посетителите, кои беа околу 4000 за двата дена, да пробаат неверојатни високо квалитетни занаетчиски пива, разни пивски експерименти и иновации и е многу важен за регионалната соработка на пиварите од Јужен Тирол.

Пивските судии имаа еден поинаков пристап во судењето кој се состоеше во два дела: првиот круг беше лице в лице двајца судии на штандот на селектираната пивара, во задолжителен разговор со претставник од пиварата, и потоа се одлучуваше дали е или не за финалната рунда. Во втората рунда селектираните финални пива беа дегустирани и оценувани на принциот „на слепо оценување„ односно blind tasting, анонимно и независно. Сите пива беа поделени во различни категории и се селектираше награда за 1, 2 ик 3 то место . Фестивалот беше лоциран во замокот Maretsch Castle во центарот на Болзано,

во прилог и неколку факти: за Кубо 2023. пријавени 148 пива, од 29 пивари од 5 земји, 22 пивски експерти од 11 држави, повеќе од 4000 посетители за 2 дена, 45 изложувачи со повеќе од 240 пива, мастеркласови, сала за сајдер, воркшопови за спарување на пиво со храна, средба на пиварите со судиите, заеднички ручек

Победниците може да ги погледнете на следниот линк

фотографија (www.tschager-foto.com FotoArmin)