Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

САД: Brewers Association ГО OБЈАВИ НОВИОТ ВОДИЧ НА ПИВСКИ СТИЛОВИ 2020

Американската Асоцијација на пивари позната како Brewers Association – Американска трговска група која што оперира со 7400 пивари, пивари во иднина, дистрибутери, добавувачи, и трговци на крафт пива, го објави новиот водич на пивските стилови  2020 Beer Style Guidelines .

Овој водич ќе им служи како извор не само на пиварите, туку и на пивските судии и организатори на натпревари како што се Great American Beer Festival  и World Beer Cup – од 1979 година пивата се оценуваат и прилагодуваат според водичите на Brewers Association и панелите на глобалните соработници секоја година.

Последниот апдејтуван Водич на пивски стилови the Beer Style Guidelines вклучува неколку нови стилови како што се уште неколку во категоријата HAZY со неколку стилови кои што се прилагодени кон тој израз. Во меѓувреме многу посакуваниот American-Style Ice Lager е целосно исфрлен.

Нови стилови:

Contemporary American-Style Lager
Contemporary American-Style Light Lager
Значителни ревизии на одредени стилови:

Поранешниот Emerging India Pale Ale е преименуван во Experimental India Pale Ale и ставен во групата на Hybrid/Mixed Lagers  или Але групата.

American-Style India Pale Ale и  Imperial India Pale Ale, Juicy  или Hazy India Pale Ale и Imperial India Pale Ale,  и American-Style Black Ale: се ревидирани за да се потврдат разликите помеѓу овие стилови и Experimental India Pale Ale.
Contemporary Belgian-Style Spontaneous Fermented Ale: стилот ја избриша референцата “Gueuze Lambic” .

Session Beer: напправи строга сепарација помеѓу ниско калоричните пива и класичните пива и ги дефинира како пива со помалку од 5% алкохоол.

Rye Beer: се променети за да одразуваат поширок опсег на чувството во устата и сензорните атрибути кои што произлегуваат од од употребата на многуте различни сорти на ржан слад.

American-Style Session Indian Pale Ale:  се премести во Hybrid/Mixed Lagers 

Комплетната листа и новиот водич на пивски стилови може да го симнете од овој линк.

download BA beer stule guidlyne