Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

TRITORDEUM- НОВА ЖИТНА КУЛТУРА ВО ПИВАРСТВОТО

Тритордеум е новата Медитеранска житарка која што е комбинација на најдобрите сорти на див јачмен со пченица. Нејзинат структура се одликува со хранливи, агрономски и органолептички придобивки кои што ја прават уникатна.

Tritordeum веќе станува реалност и во пивскиот сектор,, бидејќи сладот од оваа житарка станува се подостапен за потребите на пиварите.

ШТО Е TRITORDEUM?

Тритордеум е Медитеранска житарка која што е син на пченица ( Triticum durum )  и див јачмен ( Hordeum chilense ) – со реални бенефити за околината, фармерите и конзументите.

Оваа житарка овозможува да се направи широк спектар на житни производи. Од брашно, леб, колачиња, тестенини, пица па дури и пиво (со различни стилови и видови). Неговите производи сега се достапни веќе во 9 земји меѓу кои Шпанија (од каде што и потекнува) Италија, Франција, Швајцарија, Турција, Шведска, Данска, Германија и Холандија.

„Без сомнение Тритордеумот почна да ја освојува Шпанија, и другите земји од стариот континент, поради своите нутритивни предности: високо ниво на растителни влакна, масни киселини, антиоксиданти, и глутен.“ – истакна Вероника Гуера, шеф на комуникација за Шпанска компанија која што ја продава и промовира оваа житна култура.

Кои нутритивни вредности ги има?

Во споредба со пченицата има повисоко ниво на диетални влакна, и позитивни ефекти на кардиоваскуларниот систем:10 пати повеќе лутеин, -антиоксиданс поврзан со здравјето на очите што ја штити мрежницата од УВ зраците, повеќе масни киселини кои се сметаат за столб на медитеранската исхрана. Покрај тоа има повеќе сварлив глутен.

Според една неодамнешна научна студија, Tritordeum има значително намалување на глутенските протеини, поврзани со нетолеранцијата на исхраната во споредба со пченицата. Иако содржи мала количина на глутен која што не е подобна за луѓето кои имаат проблеми со целиачната болест, сепак може да биде алтернативна житна култура за оние кои што сакаат да го намалат внесот на глутен за разлика од оние кои што не се толерантни на глутенот. Извор: Vaquero et. ал., (2017)

како житна култура, Tritordeum е поодржлив и во поглед на животната средина. Неодамна тој ја доби првата награда, во категоријата „Одржлива состојка“ во рамките на Sustainable Food Awards 2018, организирани од Ecovia Intelligence.

Тоа е робусна житна култура која што е прилагодлива на климатските промени, добро се спротиставува на суша и високи температури, добро е отпорен на болести, и со тоа ја прави одржлива житна култура. Потекнува и расте од Шпанија, Италија и јужна Франција, во конвенционални и еколошки средини. Во моментов 70% доаѓа од страна на локалните земјоделци со органски сертификат.

За Тритордеум сладот

Tritordeum сладот е 100 % слад од оваа Медитеранска житарка, добиен со процес на ‘ртење, сушење и печење под контролирани услови на влажност, концентрација на кислород и температура. Како и пченицата, зрното Tritordeum е голо, односно без лушпа, па затоа се препорачува во рецептот да се комбинира со јачменовиот слад или ориз, за да се олесни филтрацијата. Пивските мајстори се согласуваат дека Tritordeum е многу интересна алтернативна житарка и и предвидуваат многу ветувачка иднина. Хуан Галваш (Juan Galvañ,) Директорот на  Selected Malts, потенцира: „Има висок принос во екстрактот, извонредна ензимска моќ и многу низок вискозитет“

повеќе за Тритордеум може да прочитате на

www.masqueuncereal.co

http://tritordeum.com/