Skip to content Skip to footer

Gulden Draak Classic

220 ден

Belgian Strong Dark Ale /330 ml /10.5 % alc / BELGIUM

Нема на залиха

Категории , , , Product ID: 8914

Опис

 

„Гулден Драк“ на својата етикета го има змејот како симбол кој што го претставуваше бродот на Викинзите во Крстоносните војни во 1111 г, но, минатото на пиварата Van Steenberge во Гент е долга и датира од 18 тиот век. Златниот змај кој што го има на етикетата на пивото е всушност истиот оној кој што гордо стои на средновековната камбанарија во градот Гент, 91 метарската кула во Гент која што е една од трите средновековни кули кои се наоѓаат во центарот на градот Гент, Белгија, и е највисоката кула во Белгија воопшто, која што заедно со сите згради во околината се впишани во светското историско и културно наследство во УНЕСКО. „Гулден Драк“ се смета за едно од најценетите Белгиски пива, првобитно само едно пиво кое што е темно кафеав Белгиски трипл стил на пиво, спакувано во мало шише со бела порцеланска обвивка. На етикетата стои дека пивото има 10,5 % алкохол, и е едно од пивата кое што создаде слика за Белгиските пива како агресивни и смели, но и  многу силни пива. Една од оние карактеристични работи во пивото Гулден Драк, како и во повеќето белгиски пива е повторната ферментација во шишето. Оваа втора ферментација во шишето му дава на пивото кремаста глава и многу силно тело.

(Извадок од репортажата и посетата во пиварата)

ПРОФИЛ НА ПИВО

Волумен: 330 млл
Процент на алкохол: 10,5%
Боја: темно црвена
Производител: BROUWERIJ VAN STEENBERGE
Земја на потекло: Белгија