Description
Со векови Бенедиктанските монаси менаџирале како вистински претприемачи со производство на пивото Abbaye de Forest, вклучително и останатите локални занаети во Опатијата. Целта им беше да создадат пиво со метод на горна ферментација, целосно произведено во Манастирот како стил на пиво, но и женствено, нежно и елегантно. Рецептот за пивото се пренесувал од генерација до генерација низ векови и така бил зачуван и никогаш не бил променет од 1850 година. Доколку се одлучите за ова пиво очекувајте и повеќе од една чаша обично пиво, очекувајте приказна која што ја носи со себе целата страст на оние кои што го создадоа. Во чашата е со златно жолта боја, со благи и портокалови рефлексии, суптилно парфимирани ароми на кои им претходи горчлив вкус со овошни впечатоци на суво грозје. Исклучително пријатно пиво за сите прилики и сите годишни времиња, и за секој кој што ќе го проба. Се служи на температура од 5 до 8 °C.
Боја: Blond beer
Процент на алкохол 6.5% .
Волумен 330 мл
Температура на служење: помеѓу 5 ° C и 8 ° C
Brasserie de Silly денес е во рацете на шестата генерација на семејството Van der Haegen од 1850 г. Пиварата е препознатлива како една од подобрите Белгиски пиварници и располага со еден поширок спектар на разновидни пива.Секое пиво се произведува на традиционален начин, користејќи свој уникатен квасец, (тајна која што е позната само на пиварата), вода од сопствен извор, хмељ и слад. До крајот на 20тиот век произведуваа само три пива, а од 1950 г почна постојано да се зголемува нивната палета на производи кои се презентирани на овој веб портал.
Christian Spaulding –
Duis autem vel eum iriure dolor in hendrerit in vulputate velit esse molestie consequat, vel illum dolore eu feugiat nulla facilisis at vero eros et accumsan et iusto odio.