Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПОРТАЛОТ „САКАМ ПИВО.МК“ ЗАПОЧНУВА СО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА

Он лајн продажбата би можела значително да го зголеми кругот на луѓето кои го сакаат пивото, а во ваква ситуација, барем целата држава, теоретски би можела да стане еден голем пазар. Во изминатиов период кога бевме соочени со вонредна состојба, а тоа значи карантин, односно затворен синџир на ресторани, хотели, пресечен канал на дистрибуција и продажба, недостаток на комуникација со конзументите, речиси сите увозници па и производители на пиво се определија на он лајн продажба на своите пива. Но, се поставува и прашањето дали и после завршувањето на оваа вонредна состојба ќе се продолжи со оваа практика.

Порталот за промоција на пиво и пивска култура се определи да продолжи со своите активности и на ова поле имајќи го во предвид забрзаниот начин на живот, немање на време да се обезбедат омилените намирници, се определивме да стартуваме и со сервисот за он лајн продажба на пиво до вашиот дом. Едноставно да бидеме во тренд барем во овој сегмент. Овој концепт и оваа идеја почнавме да ја развиваме уште во 2005 тата година кога немаше толку развиен систем како денес, како прва интернет продавница за пиво и поради малиот интерес се определивме за отварање и на физичката продавница. Денес покрај сите ресурси кои ни се достапни сметавме дека е дојдено вистинското време за да ПИВОТЕКАТА биде вашиот основен извор на информации за набавка на вашето омилено пиво. Покрај нашиот увоз кој постојано ќе го збогатуваме со нови содржини и нови пива, секогаш ќе бидеме отворени за соработка и со останатите увозници на пиво, но најголемо внимание ќе посветиме и на новите Македонски пива кои допрва ќе се појавуваат на пазарот.

И покрај тоа што доцниме за разлика од земјите од регионот во бројот на новорегистрирани крафт пивари и стилови на пиво, сепак со олабавувањата околу законската регулатива се остава добра можност и основа за некаков почеток во оваа дејност. Малите пивари со овој начин на дистрибуција и достава можат побрзо да стигнат до своите клиенти и им се дава можност да ги пласираат своите производи.

Се надеваме дека со овој потег ќе се зголеми и културата на конзумирање но и почитување на овој древен пијалок.

Затоа нешето мото е секогаш ВИЕ ИМАТЕ ВКУС НИЕ ИМАМЕ ПИВО

Сакам Пиво Портал и продавница за промоција на пивото и пивската култура.