Skip to content Skip to footer

РЕПОРТАЖА: ОСВОЈУВАЊЕ НА ЗМЕЈОТ СО „ГУЛДЕН ДРАК“

Секое исклучително, одлично пиво си има и своја голема приказна, па така и пивото „Гулден Драк“. Познато по „златниот змеј“, но и пиво кое што потсетува на вино со исклучително силна арома и полн вкус. Следува приказната за Гулден Драк.

 

„Гулден Драк“ на својата етикета го има змејот како симбол кој што го претставуваше бродот на Викинзите во Крстоносните војни во 1111 г, но, минатото на пиварата Van Steenberge во Гент е долга и датира од 18 тиот век. Со пивото пак се запознав некаде во 2006 година, кога прв пат ги увезов првите количини на специјалните белгиски пива во Македонија, меѓу кои беше и пивото „Гулден ДРААК“.Златниот змај кој што го има на етикетата на пивото е всушност истиот оној кој што гордо стои на средновековната камбанарија во градот Гент, 91 метарската кула во Гент која што е една од трите средновековни кули кои се наоѓаат во центарот на градот Гент, Белгија, и е највисоката кула во Белгија воопшто, која што заедно со сите згради во околината се впишани во светското историско и културно наследство во УНЕСКО.

 

Според легендата, златниот змеј, некогаш го красел лакот на бродот кој што го раководел Норвешкиот крал Sigurd Magnuson, во времето на Крстоносните војни во 1111 година, го подарил на императорот на Цариград, денешен Истанбул, за да стои гордо на врвот на куполата на античкиот храм Аја Софија. 100 години подоцна, за време на Четвртата Крстоносна војна, Фламанскиот гроф Болдвин IX, беше крунисан во истата катедрала како и првиот Римски Император. Болдвин ја земаl статуата и ја вратил таму каде што припаѓа, во Белгискиот регион најнапред во Бриж, каде што после војните помеѓу доминацијата на градовите во тој период денес е во Гент кој го победи Бриж во 1382 г и го освои змејот кој денес е постојан дел на оваа камбанарија каде што гордо стои за да го заштити богатството и просперитетот на градот и е симбол на слободата и моќта на градот. Главниот мајстор пивар откако ја погледнал статуата ја искористил како инспирација за неговото моќно силно пиво „Гулден Драак“.


Пивото Гулден Драк за мене беше едно сосема ново искуство после првите години од работењето на специјализираната продавница за пиво која што работеше во периодот од 2005 до 2015, а во 2014 година по интернет гласањето ги освоив потребните поени за да влезам во кругот на светските Амбасадори на пивото. Оваа година во пиварата во Септември, имаше собир на сите Амбасадори на брендот Гулден Драак, од локални до ниво на светски амбасадори на брендот. Ја искористив мојата посета во Белгија секако и да ја посетам пиварата на мое огромно задоволство.

 

„Гулден Драк“ се смета за едно од најценетите Белгиски пива, првобитно само едно пиво кое што е темно кафеав Белгиски трипл стил на пиво, спакувано во мало шише со бела порцеланска обвивка. На етикетата стои дека пивото има 10,5 % алкохол, и е едно од пивата кое што создаде слика за Белгиските пива како агресивни и смели, но и  многу силни пива. Една од оние карактеристични работи во пивото Гулден Драк, како и во повеќето белгиски пива е повторната ферментација во шишето. Оваа втора ферментација во шишето му дава на пивото кремаста глава и многу силно тело.

Поврзаноста на пивото со статуата, е од семејната пивара Van Steenberge, која што се наоѓа во близина на селото Ертвелде. Драак е само сленг на зборот змеј. Но, да се вратиме малку на историјата на пиварата, која не враќа во 18тиот век кога Фламанскиот народ се занимавал со своето хоби а тоа било производство на пиво. во 1784 година, Жан Баптист де Брун ја создаде пиварата De Peer во истото село. Пиварата остана во наследство на неговата жена, а кога и таа починала пиварата ја превземај нејзиниот братучед, чија ќерка се омажила за Пол Ван Стинберг. Микробилогот од оваа професија ги научил тајните како студент на Пастер. Тој ја сакаше политиката повеќе од било што и беше докажан како успешен претприемач и одлучил да продолжи со производството на пиво и после Првата Светска Војна во 1919 година, инвестираше во опрема, работеше во пиварите кои егзистираа за време на војнат акаде што го стекна најголемото искуство и знаење. После неговата смрт во 1962 година, неговиот син Јозеф Ван Стенберг, страствен љубител на пивото, ја превзеде пиварата и се фокусира на надградба и развој на суровини за производство на пиво. на 64 г ја превзеде пиварата со целосно работно време и посветеност, што се смета и за година кога период кога пиварата започна да произведува квалтиетни пива. 1978 година започна со производство на манастирски пива по рецепт од монасите од Augustin, а од 1980 во портфолиото на пиварата влегуваат и PIRAAT и Гулден ДРААК. Следната деката пиварата ја превзеде синот на Јозеф, Пол, кој инвестираше во третман за вода, и заштеда на енергија. Џеф Версале, братучед на Пол. Се придружи во пиварницата во 1998 година, а негова цел беше да го превземе извозот на пивото до поголемите дестинации како САД Холандија, Италија, Кина, Франција.

Van Steenberge денес ги произведува Augustijn (Blond, Dark и Grand Cru), Baptist (Blonde и White), Piraat (Ale и Triple Hop), Gulden Draak, Gulden Draak 9000, Gulden Draak Imperial Stoun и некои други етикети како Bornem, Leute, St. Stefanus.Нивните пива се многу ценети и често пати наградувани на ренимирани настани како на пример престижниот World Beer Cup, International Beer Challenge, Calgary Beer Fest, World Beer Awards, Brussells Beer Challenge.

Пиварата Van Steenberge се одликува со нејзината независност, прогрес и развој. Таа ја нагласува традиционалната уметност во производството на пиво. прилагодена на тековните технолошки процеси и гарантира за својата сигурност, квалитет и услуга, со огромен респект кон своите вработени, грижата за животната средина кои се клучните фактори за успехот на оваа пивара.

Водата, која што има свој посебен третман, разните варијации на слад, и хмељ од сопствено производство, и други состојки со највисок квалитет се преработуваат во неколку последователни чекори за да се стигне до сладовината односно вортот, слатката првобитна течност од која што потоа се добива пивото.

Ферментацијата се случува во цилиндрично конусни резервоари на температура од 22 до 25 степени, во зависност од видот на квасецот. Топлината од ферментацијата се неутрализира со течност за ладење, што кружи помеѓу внатрешните и надворешните зидови.

Интересно е дека сите пива си имаат свој посебен тип на квасец, кој што на секое пиво му дава уникатен типичен карактер. Траењето на ферментацијата зависи од вариететите на ферментабилните шеќери. После процесот на ферментација повеќето од шеќерите се отстрануваат од центрифуга, ап потоа следува процесот на одлежување односно лагерисување.

 

Лагерисувањето е процес на одлежување на пивото, кој му го дава целосниот вкус и арома. Процесот на квасецот продолжува да се развива природно на температури од 0 степени целзиусови. После одлежувањето следи процес на филтрирање за да се постигне целосна чиста бистрина на пивото. Празните шишиња темелно се чистат и се дезинфицираат преку машина за чистење и плакење, пред да се полнат, кои поминуваат низ 4 контролни автоматски проверки. Автоматизиран е и процесот на етикетирање и ставање на шишињата во гајбите по должина на линијата.

Посебната сала за полнење на кеговите односно бурињата во разни големини од мали 5 литарски за домашна потреба, до оние поголемите од 25 и 50 литри. Се полнат со огромна брзина откако претходно ќе бидат исчистени и дезинфицирани како од внатре така и од надвор.

 

Пивата на ВанСтенберг се одликвуаат со карактеристичната секундарна ферметнација која што започнува кога квасецот и шеќерот се додаваат за време на флаширањето. Потоа пивото се остава да созрее 2 недели во топла просторија, од околу 20 степени целзиусови, каде што квасецот си ја завршува својата работа. За секундарната ферментација користат 2 типа на квасци, првиот е активен квасец кој го поставува секундарниот процес на движење активен, а вториот квасец (вински) му го обезбедува на пивото типичниот и богат вкус.

Колку повеќе ќе созрее пивото, толку е посилна неговата арома, и ќе биде поквалитетен неговиот вкус и боја. Откако ќе се додаде винскиот квасец во секундарната ферментација пивото повеќе не се филтрира и квасецот ќе се смири на дното на шишето. Во зависност од тоа како го сипате пивото во чашата – со или без квасец – ќе го одредите неговиот вкус и јасност. Ако го оставите квасецот во шишето, вашето пиво ќе биде јасно и мазно, ако го истурите квасецот во чашата пивото ќе биде матно и ќе има поизразена арома и малку повеќе горчлив вкус.Пивото Гулден Драак во пиварата се произведува од 1986 година. содржи три пати повеќе слад од лагер пивото, е пиво со квасец со горна ферментација, а секундарната ферментација му дава на пивото подолг рок на траење и свежина.Содржи 10,5% алкохол и има богата арома, печен слад и кафе со ноти на чоколадо карамела и изразен алкохол. Слатогорчливата арома е многу долга после вкусувањето на пивото.

Gulden Draak Quadrupel- црно трип пиво со силно изразена овошна арома 10.5% Gulden Draak Imperial Stout мојот личен фаворит. Секоја пивара си има и свои лимитирани серии на барик пива па така и Ван Стенберг има специјалното барик пиво одлежано во виски барел буриња од Шкотска од серијата на главниот мајстор пива. 

 

За жал овие две прекрасни пива кои ми се поклон од Андре и од Вили не стигнаа до Скопје и останаа во Белгија, сепак убав спомен ќе ми биде овој прекрасен симбол кој ќе го краси ѕидот од мојата соба.

 

огромна благодарност за реализирањето на оваа моја посета до господинот Андре, од 5 тата генерација од семејството и на мојот драг пријател Вили со кого се познаваме уште од златните денови на скопската „Пивотека“.

Марјан КОСТАДИНОВСКИ

 

Овој сајт е наменет за лица над 18 години