Abbave, Abdij beer
Пиво со горна ферментација манастирски пива од Белгија базирани на Трапистичкиот стил. Повремено тие се произведуваат и под лиценца на опатијата.
ale
Але пивата може да имаат многу различни и комплексни вкусови. Вообичаено овошните ароми се добиваат при топла ферментација (15 – 25 ° C). Квасецот останува да се таложи на врвот од садот за ферментација, и видот на квасецот (ale yeast) ја одредува соодветната арома, содржината на хмељот и сладот, и укажува на тоа дали е пивото “Mild”, “Bitter”, “Pale” или, на пример “Brown”. Англиските але пива се најтрадиционалните, но постојат и многу зачинети везрии на Белгиски пива, кои сито така директно се нарекуваат але пива. Овој термнин не се користи во Германија иако тој стил на пива се Altbier и Kölsch.
Alcohol-free beer
Alcohol-free beer се пива со процент на алкохол кој е помал од 0.5%. Процесот ан ферментација се прекинува порано или се отстранува алкохолот подоцна по пат на осмоза.
Alcohol content
Содржината на алкохол во пивото во голема мерка е во зависност од оригиналната содржина на сладовината односно вортот. Поголем дел од сладовината се претвара во алкохол во текот на ферментацијата
Old
стил на пиво кој доаѓа специјално од Северна Германија и е со бронзена бакарна боја, пиво со горна ферментација. Оригинално се само пива со горна ферментација. Поради тоа луѓето често го нарекуваат „стар“ пиварски метод. Темна боја на пивото е резултат на користење на темен и карамелизиран слад. Денес често се споредува со Barley Wine. Примери во некои Англиски и Германски пива.
Aroma
Аромата на пивото зависи од различни фактори. Изборот на суровини е еден од најважните како и типот на квасецот кој што се користи, процесот на ферментација, одлежување па и флаширање.
Berliner Weisse
Пиво со горна ферментација, кисели, светли пива (7 до 8% оригинална густина) кое што е направено со мешавина на квасец и лакто бактерија. Обично се пие со џус од малина или сируп.
Bière de Garde
Француско име кое што оригинално означува силни пива, бакарна боја, пива со горна ферментација во кои втората ферментација се случува во самите шишиња. Денес претставниците на овој тип на пиво се во исто време пива со горна ферментација и филтрирани, и нивниот процент на алкохол се движи од 4.4 до 7.5% vol.
Bitter
Англиски термин за добро захмељени и во исто време горчливи але пива, повеќето на точење. Битер вообичаено се малку кисели, и нивната бојa варира од бронзена до црна. Обичниот битер але има содржина на алкохол од 4 до 5.5%.
Bock beer
Силни пива, со метод на долна ферментација направени со јачменов слад. Германските Бок пива имаат помалку од 16 ° оригинален ворт. и имаат околу 6.25% алкохол и може да бидат од златно жолта до црна боја. Сезонските бок пива варираат од земја до земја. Може да ги пиете од есен, во доцна зима или пак на пролет (Maibock).
Sediment
Матните пива обично имаат остатоци од квасецот кои што може да се истурат во чашата и внимателно да се отстрани. Чистите пива не смеат да имаат талог од квасецот односно седимент.
Brewing water
Водата за пивото мора да биде помека за да нема негативен афект на вкусот на пивото. За да се направи еден хектолитар пиво ви требаат 4-5 хектолитри вода. Содржината на водата во завршеното пиво е околу 85%.
Brown Ale (brown beer)
Brown Ale (brown beer) опишува темни, слатки але пива кои што оригинално е произведвуаат во јужна Англија со слад, и низок процент на алкохол. На сеерот од земјата почнаа да се произведуваат и темно црвени але пива со повисок процент на алкохол.
Cerevis / Cerevisia
Cerevis или Cerevisia е Латински збор за пиво. името доаѓа од зборот Ceres, кој што е Бог на земјоделието и земјоделските култури.
Diacetyl
Diacetyl е метаболит на квасецот кој што се произведува во текот на ферментацијата. Во секундарната ферментација се создава околу површината на шишињата, и во голема мера повторно се отстранува. Дури и во помали количини диацетилот предизвикува непријатен мирис и вкус во пивото. мириса на путер и популарно се нарекува путерна киселина.
Doppelbock
Doppelbock е екстра силно пиво специјално се произведува во јужна Германија и тоа во лимитиран период, често и како фестивалско пиво. Doppelbock има златножолта или црна боја, оригиналната густина е 18 ° и содржина на алкохол околу 7.5%. Брендовите од овој стил во додавката го имаат и зборот “-ator”. Пример Пауланер Салватор.
Dubbel
Dubbel е синоним за црните пива слични на Bockbier кои содржат околу 6.5% vol. обично ги произведуваат Трапистичките монаси. но исто така се референца и за другите манастирски пива.
Ice beer
Пиво кое што е смрзнато до одредена точка на ферментација или созревање, со цел да некои компоненти од пивото ги ослабе, а други нагласи.
Enzymes
Ензимите ги разложуваат скробот и протеините за време на укоминувањето. Ензимите од квасецот го разложуваат шеќерот од сладот и создаваат алкохол и јаглерод диоксид за време на ферментацијата.
export
Oвој израз означува светли пива, со долна ферментација, помалку горчливи од Pils пивото. Овој тип на пиво прв пат почна да се произведува околу 1700 г во околината на Дортмунд, и често се нарекува и Dortmund export. Пропорцијата на хмељ во овие пива е пониска за разлика од Pils.
Faro
Faro е локален стил на пиво од Брисел, ламбичко пиво кое што е поблаго. Процентот на алкохол е од 4.5-5.5%.
Barrel matured
Пиво кое што одлежува во буриња и е нефилтрирано, непастеризирано точено пиво кое што подложи на секундарна ферментација и природно одлежување во подрумите во пивницатаt.
Filtration
Откако пивото ќе одлежи подолг период,поминува низ процес на филтрација пред да се флашира. На овој начин се чисти пивото од сите непожелни супстанции.
Bottle fermentation
Во флашираните пива,последниот дел од процесот на ферментација е и со додавање на квасец во шишињата. Најдобар пример на овој тип е пченичното пиво. Но повеќето Трапистички и манастирски пива исто така ферментираат и во шишиња.
Framboise
Е ламбичко пиво со малини кои се додаваат во текот на ферментацијата. содржи околу 5.5-6%.
Gambrinus
Gambrinus е патрон односно Светен на пивските мајстори. Оригиналното негово потејкло не е познато, но се идентификува како принцот од Бургундија од 13тиот век а од други извори и како Кралот на Фландрија и Брабант од 16тиот век.
fermentation
Во текот на ферментацијата, квасецот го претвара сладот од шеќер во алкохол и јаглерод диоксид и тоа трае околу 7-8 дена.
barley
од сите житарки, јачменот е најдобар за правење ан слад По започнувањето на ртењето во зрното се формираат ливчиња и корени. По неколку дена коренот се пробива низ лушпата.
Green malt
ртењето, впиањето и сушењето го претвараат зрното јачмен во зелен слад.
Grutbier
Grutbier датира од 10тиот век. Грут беше мешавина за зачини кои се користеа за вкус на пивото наместо хмељот. Grut beer се правеа најмногу покрај брегот на Северното море.
Gueuze
Е бленд на старо и младо ламбичко пиво. Содржи околу 4.5-5.5% .
oats
Овесот сеуште се користи како слад во пиварството за некои пива и обично му дава нежна текстура на пивото. Пред да се открие јачменот како идеална суровина за пивото, пивото се правело исклучително од овес.
yeast
Квасецот ја предизвикува ферментацијата на сладовината. Постои разлика помеѓу долно и горно ферментираните пива. Квасецот за горно ферментираните пива се таложи на врвот откако ќе заврши процесот на ферментација, а квасецот за долноферментирани пива се таложи на дното.
Yeast beer
Пива во кои продолжува ферментацијата во шишето и како седимент.
ХМЕЉ/hop
Хмељот е зачинотна пивото. Тој на пивото му ја дава вообичаената горчина, зголемува рокот на траење Расте од фо 5 метри. Женските плодови се користат за пиварството.
ХМЕЉОТ ВО МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ
Смирувачкиот ефект на смолата од хмељот (лупулин) и маслата од хмељ се опишани во природната медицина со векови. Во Германија има детални текстови од монахињата Хидегард фон Бинген за лековитите својства на пивото.
БЕРБА НА ХМЕЉ
Само женските плодови, се собираат од крајот на Август или Септември и користат во пиварството.
Imperial stout
Вообичаено се работи за силен Портер, оригинално се произведува во Англија за извоз за Балтичките земји. Тоа е пиво со горна ферментација и се прави од печени житарки.
India Pale Ale (IPA)
Ова име се однесува на колонијалните времиња коога Индија ги снабдуваше Британците со але пиво. Овие пива имаа висока оригинална гравитациона скала и беа силно хмељени за да го преживеат долгиот транспорт.
Green beer
После примарната ферментација, пивото се нарекува зелено пиво. Тогаш тоа вообичаено одлежува дополнително од четири до шест недели..
КАЛОРИИ
Колку е повисока содржината на алкохол во пивото, толкуе поголема неговата хранлива вредност. 1 грам алкохол има калориска вредност од околу 7 калории. Литар пиво со 5% алкохол има околу 450 калории додека литар вино има околу 700 калории.
Keut
E слатко пиво од Холандија, кое што се произведувало во 14тиот век од слад од овес и јачмен со додавање на пченично брашно. Пото абргу се проќирил низ Германија и тоа траело се до крајот на 17тиот век.
манастирски пива
Име за пиво кое што оригинално се произведувало во манастир. Денес овие пиварници се најчесто во приватна сопственост. Во Европа во некои манастири сеуште се произведува пиво според традиционални рецепти и методи.
Kölsch
Kölsch е стил на пиво со горна ферментација, златно жолта боја и потекло од Келн со оригинална гравитација11-12 ° и алкохол од 3.7%. Ова пиво е помалку газирано од Пилс пивото и може да го произведуваат само 25 пиварници во Келн.
Kriek
Пиво во кое срешата се додава во текот на ферментацијата. Процентот на алкохол е околу 5-6%.
Lambic
Lambic е стил на пиво со спонтана ферментација со пченица која што е достапна само во околината на Брисел и реката Сена. содржи околу 4.4% alc.
Light beer
пиво со редуциран алкохол и помалку калории.
ВЛИЈАНИЕ НА СВЕТЛИНА
Зелените шишиња абсорбираат сончева светлина помалку од кафените. Не е добро пивото да биде изложено на сончева светлина.
Lupulin
Lupulin е смолата која што ја има во хмељот и заслужна за аромата и горчината на пивото.
Maibock
Maibock е силно пиво кое што се служи на пролет.
mash/УКОМИНУВАЊЕ
Mash односно укоминувањето се создава со мешање на сладот со загреаната вода.
malt/СЛАД
За да се искористи јачменот, пченицата и другите житарки за пиварството тие мора да се претворат во слад. Зрната најнапред ртат и потоа сушат. Ртењето ја иницира конверзијата на скробот во шеќер.
Mead
Античките Тевтонци ја гаселе жедта со медовината, пијалок сличен на пивото. Тие најнапред правеа слад од овес со додавање на мед, и на тој начин добија високо опојна храна и истовремено и пијалок. Кон крајот на Средниот век, медовината ја изгуби својата репутација и популарност, а денес во слична форма го наоѓаме во медовото пиво.
Mild
Англиски израз за але пиво кое што е малку хмељено. Некои милд пива имаат бакарна боја, но повеќето се темно кафеави. имаат содржина на алкохол околу 3 %, но често пати се и релативно тешки пива.
СЕКУНДАРНА ФЕРМЕНТАЦИЈА / Secondary fermentation
Со одлежување на пивото во танковите, зеленото пиво ферментира под притисок и така созрева. додека во исто време се збогатува со јаглерод диоксид.
Top-fermented
Пива кои што се направени со квасец за горна ферментација, пр wheat beer, е еден таков пример.Ферментацијата се одвива на температура од 15-20 степени Целзиусови. Во текот на ферментацијата клетките на квасецот се таложат на површината од пивото.
pale Ale
“Pale” (light) in this case means copper-colored in contrast to dark brown. A few English brewers use this term for their premium bitters, especially in the bottle. To achieve the color and the slightly nutty taste, the brewers use the so-called “Pale Ale Malt” – a light, less roasted type of malt.
ПАСТЕРИЗАЦИЈА / Pasteurize
Пастеризацијата се однесува на зачувување на пивото на подолго време. загревање на температура до која што изумираат микроорганизмите кои што може д а предизвикаат негово расипување а се зачувуваат витамините и другите хранливи состојки. Луј Пастер за прв пат ја извшил пастеризацијата во 1862г.
Pils или Pilsener
е бренд име за светло полно пиво кое што има силна арома на хмељ. Pils е пиво со долна ферментација кое што оригинално се произведува во околината на градот Пилсен денесд Чешка Република.
Pivo илиr Piwo
Pivo или Piwo е Словенско име за пиво.
Smoked beer
Пиво, кое што во производството користи слад кој што е сушен на дрва со што пивото добива димен вкус. Специјалитет е од Бамберг.
purity command
Германскиот Закон за Чистота на пивото од 1516 е најстариот закон за регулирање на квалитетот на храната кој што е на сила и денес. Во него се вели дека пиво може да се произведува само со јачмен вода и хмељ. Денес исто така се додава и квасец.
Rice beer
Rice beer пиво со ориз кое се произведува во Азија со додавање на ориз.
Saaz
Saaz е традиционален Бохемиски хмељ кој што се одгледува и во други земји. Само во Бохемија во регионот има 400 села кои одгледуваат Сааз.
season
Season е специјално летно пиво во Француско говорниот дел во Белгија. Многу освежително, средно хмељено, але пиво со слаб киселкаст вкуси содржина на алкохол од 5.5-8%.
Draft beer
Draft beer е пиво кое што се служи директно о дбуре односно точено.
Scotch ale
The Scottish ales вообичаено има многу големо количество на слад. Во својата земја од каде што потекнува индивидуавлни производи се означуваат како Light, Heavy, Export или Strong. Алкохолот се движи од 3 до 10%.
Original wort content
Екстрактот од оригиналната гравитација или супстанциите кои се растворени во него како шеќерот, протеините, горчливите материи, се нарекува оригинална гравитација. …
stout
Stout е многу црно, речиси непровидно црно пиво, але пиво кое што е најпопуларно во Англија со користење на печен слад. најпоизнатиот пример на Стаут пиво е Ирското Guinness.
Trappist beer
Овој Католички поредок на монаси оперира со пет пивари во Белгија, една во Холандија , и новите се од Италија, Франција, САД, Австрија. Според законот, само Трапистичките монаси може д аго користат овој израз на нивните производи. Сите пивари произведуват силни але пива со аолкхол кој се движи од 6-12%,
Triple или triple
Tripel или triple е Холандски израз за силни пива, кои се обично але пива дополнително зачинети со коријандер. Еден од најдобрите примери е Westmalle (Belgium).
Bottom fermented
Долно ферментираните пива се дефинираат како тие кои се направени со таков квасец како на пример Pils, Export, Bock, Doppelbock и Lager. Додека процесот на ферментација се одвива на температура од 4 до 9 степени Целзиусов, овој тип на производство беше познат по откривањето на фрижидерите и машините за разладување во 1876.this type of brewing has only been known since the invention of the refrigeration machine in 1876.
Wheat beer
The wheat beer е пиво со горна ферментација, со додавање на јачменов слад во соодветна пропорција.
Wild yeast
Произведување на пиво со див квасец е многу комплицирано и многу е тешко да се контролира. Во Белгија на пример, „Ламбик“ кој што е најчесто основа на различни овошни пива како “Kriek”, се направени со див квасец..
Witbier
Witbier е Фламански термин за пченично пиво, кое што се користи во Белгија и во САД:
ЗАЧИНИ / Spice
Основата на секое пиво. се додаваа тна крајот од вриењето за збогатување на аромата на пивото.
Zwickelbier
Zwickelbier е нефилтрирано пиво со разни зачини.
Zythos
Zythos e име за античко Египетско пченично пиво кое што го точеле на фестивалите, исто така е и античкото име на пивото во Грција. Во Белгија се одржува и фестивал