Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВСКА МИТОЛОГИЈА: ГАМБРИНУС – ФЛАМАНСКИОТ КРАЛ НА ПИВОТО

Кралот Гамбринус бил легендарен крал на Фландрија, која денес е составен дел од Белгија, и неофицијален светец и заштитник на пивото и пиварството. Неговото потекло, е еден вид на мистерија. Без оглед на тоа кој бил Гамбринус, се верува дека тој измислил пиво од слад во кој се додава хмељ. Буркард Валдис, германски писател во една своја песна од 1543 година објаснил дека Гамбринус умешноста за правење на пиво ја научил од Исис, Египетската Божица на мајчинството и плодноста. Како што зборува легендата, Гамбринус живеел во сиромаштија и учел за стаклар во Фландриското царство. Се заљубил во ќерката на мајсторот, Фландрина, која го одбила, па се откажал од тој занает и станал поет и музичар и бил многу успешен на двете полиња. Се вели дека додека еднаш имал настап, од сцената ја здогледал својата Фландрина и почнал силно да се тресе, и почнал да свири па публиката го исвиркала. Побегнал во шумата со намера да го заврши животот, но му се обратил на ѓаволот и понудил спогодба. Му понудил да се обиде да ја заборави Фландрина во замена за неговата душа на 30 години.

Гамбринус ја прифатил понудата и неговата страст за Фландрина ја заменил со страст за коцката во која исто така бил брилијантен. Се збогатил, и тогаш уште еднаш и се обратил на Фландрина. Мислел дека сега ќе му ја возврати љубовта со оглед на тоа дека бил богат. Но, таа повторно го одбила, бидејќи тоа што бил богат не било доволно. Гамбринус повторно отишол во шумата и повеќе од било кога решен да си го одземе животот, но повторно го сретнува ѓаволот. Гамбринус го нападнал Сатаната, бидејќи не му го исполнил ветувањето и животот повторно му станал ништожен, кога пред него наеднаш се создало поле исполнето со долги гранки, по кои растеле зелени билки со пријатна арома. Ѓаволот му рекол на Гамбринус дека тоа е хмељ и дека зад насадот се наоѓа погон за преработка на хмељот во пивара.

„Дојди, му рекол, ќе те научам како се прави пиво и ќе заборавиш се во врска со Фландрина“. Кога научил како се прави пивото, Гамбринус од ѓаволот побарал да му покаже како да се освети на публиката, која го понижила на настапот. Ѓаволот му предложил инструмент на чија музика никој не можел да одолее и го научил да свири на ѕвона. Гамбринус се вратил во градот, одгледувал хмељ и произведувал се повеќе пиво. Кога дошло времето, се вратил на градскиот плоштад и засвирил на своите ѕвона, и им понудил на луѓето да го пробаат неговото пиво. Овој пат тие рекле дека тоа е најдобриот пијалок кој до сега го пробале, а така неговиот успех се проширил и подалеку.

Каде и да отишол, Гамбринус садел хмељ, правел пиво и го забавувал народот со своите ѕвона. Фландрискиот крал му понудил титула војвода во знак на благодарност за неговиот труд, но на Гамбринус му била драга титулата која му ја дале неговите муштерии – А тоа е Кралот на пивото. Навистина целосно заборавил на Фландрина, па дури не ја ни препознал кога по многу години подоцна дошла да го посети. Гамбринусовата пивска улога траела точно 30 години и ѓаволот дошол да ја земе неговата душа. Гамбринус засвирел со ѕвоната и ѓаволот не можел да престане да танцува. Конечно ѓаволот почнал да го моли Гамбринус да престане да свири и го раскинал договорот. Кога подоцна починал Гамбринус на местото каде што ги минувал своите денови пронајдени се бачви кои таму останале наместо негов надгробен споменик.

Во Чешка Република постои бренд кој го носи името на Gambrinus и е едно од најпопуларните Чешки пива кој денес е под заштита на пиварата Pilsner Urquell Brewery. Во Чешка постои и уште едно пиво именувано според словенската митологоја, а тоа е пивото Radegast кое што се произведува во Ношовице од 1970 година и сe продава под слоганот „Животот е горчлив: благодарене на Бога“. Кога индустриската револуција ја усовршила умешноста за производство и правење на пиво и сфатила и улогата на квасецот до најситен детал, на човештвото не му требало приказни кои ќе објаснуваат за пивото и неговото потекло. Но, овие приказни зборуваат за важноста на пивото од разни цивилизации кои ја создавале нашата заедничка историја и ни дале безброј луѓе, вистински или измислени кои наздравуваат и слават пиејќи пиво.