Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВОТО И СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ

Зборот „крафт“ во уметничкиот свет традиционално се користи за да се опишат еден вид на уметнички дела, а во пиварството се користи за да се создаде пиво со креативни рецепти и уметнички пристап до неговото финално создавање. Во неколку истражувања откривме дека многу уметници се инспирирани од самите материјали, но и од односот кон овие две навидум различни сцени, да не кажам индустрии.

Овие уметници ја превземаат пивската уметност на едно повисоко ниво. Тие го користат не само пивото за да насликаат со него одредено дело, туку и парчиња од лименките, етикетите, тапите, па и самите шишиња за да ги направат своите креации кои се движат од реални до апстрактни, и секој од нив си остава свој белег. Исто како и сцената на занаетчиското пиво, таа не само што е локална, туку е и глобална.

Сакам пиво.мк на пивските салони се обидува токму и тоа да го направи тој креативен спој на уметноста како занает и уметноста да се направи добро занаетчиско пиво, да ги инспирира локалните уметници да направат креации од пивските „остатоци“ и тие да се презентираат на некој од пивските салони, од дизајн на етикетата на пивото со давање на чиста слобода во нивната креативност, до создавање на одредени креативни парчиња од самите пивски шишиња, тапи, лименки и сл.

Така на првото издание на пивскиот салон со својата визија се претстави Александра Велјановска (Авел) со разни креации од пивски тапи, и модниот дизајнер Мелани Димитровска со маици со рачно цртани пивски апликации.

Инспирацијата на Александра Велјановска

CRAFT BEER IS PURE ART на Мелани Димитровска
И во Зимскиот Пивски Салон порталот сакампиво.мк повторно ќе даде шанса на овие млади уметници да ги искажат своите креации и љубов кон пивото преку разни форми па така Кристина Лазоска ќе понуди еден мал избор на пивски чаши со рачно цртани апликации, а Мелани Димитровска повторно ќе знае да изненади со нешто ново и интересно.

Во светски рамки сакам пиво.мк истражуваше и ви пренесуваме неколку интересни дела од светската сцена,

ЛУСИЕН ШАПИРО (Lucien Shapiro) – направи фасцинантна маска од пивски тапи, кои што ги собирал одејќи по локалните барови и разговарајќи со бармените. Тој признава дека не бил толку заинтересиран за брендовите, туку повеќе за формата и текстурата на пивските капачиња. Метафорички му се допаднала кружната форма бидејќи верува дека се во животот има тенденција да помине еден цел круг.

TITLED: MACULOSOS SCURRA LARVA | ARTIST LUCIEN SHAPIRO USES UNDOCUMENTED BOTTLE CAPS GATHERED FROM VARIOUS BARS. (LUCIEN SHAPIRO)

Карен Еланд (Karen Eland) – Оваа убава фотографија верувала или не е насликана со пиво!. Карен Еланд вели дека нејзините омилени пива кои што ги користи за да слика со нив се: Deschutes Obsidian Stout или Black Butte Porter. Таа го користи пивото како акварелна боја, а темните тонови од пивото ги користи за да се почувствува историската атмосфера како на старите фотографии.

TITLE: SAILING SHIP | KAREN ELAND USES BEER AND OTHER BEVERAGES LIKE WATERCOLORS. (KAREN ELAND)

Naart – се двајца артисти од Франција, Александре Каиларец и Никола Толот-Арсак кои создаваат илустративни слики и мурали користејќи празни пивски шишиња како четки за бојадисување. Резултатот е модерно толкување на техниката поингилизам ( pointillism ) која што претставува сликање во точки. Прават портрети на познати луѓе, но и слики на животни од Дизниевите карактери,

TITLED: CRAFTY COLLISION | CHRISTINA MASSEY USING CANS FROM A VARIETY OF CRAFT BREWERS CONSUMED BY HER HUSBAND AND HIS FRIENDS. (CHRISTINA MASSEY)

Уметноста честопати се опишува како одраз на она што се случува во општеството,и тука гледаме како буквално се инфилтрира и во пивската индустрија, како се зголемија вкусовите, почна повеќе да се цени самото пиво, почна да се менува формата на лименките, шишињата, капачињата па и самото пиво. Како што расте занаетчиската индустрија на пивото, така таа ќе продолжи да ги инспирира и да се појавува и во современата уметност.