Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЛЕГЕНДАТА ЗА ПИВСКИОТ СТИЛ „РАДЛЕР“ И 13000 ЖЕДНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Секој пивски стил си има своја приказана. Ова е приказната за радлерот.Според легендата, во едно топло летно попладне во 1922 година, германскиот гостилничар по име Франц Ксавер Куглер, се соочуваше со дилема.

 

Неговата гостилница, Куглер Алм, во малиот град Дејзенхофен, непосредно пред Минхен, Германија, имала огромна пивска градина (beer garden) со простор за илјадници гости. Тој имал изградено велосипедска патека која што се движела од Минхен, низ шумата се до неговата гостилница, така што секојдневните патници во Минхен имаа полесна рута за посета, а гостилницата стана популарна дестинација за велосипедисти. Во 20-тите години од минатиот век велосипедизмот како потрага по слободното време стана многу популарен во Германија ( и низ целиот свет).

Легендата вели дека еден ден, пристигнале 13000 велосипедисти кои побарале ладно освежително пиво. Но, Куглер сфатил дека немал доволно пиво за да ја изгасне нивната жед и исцрпеност, а имал доволно лимонада.

Како всушност тој го решил проблемот? Решението било едноставно: тој решил да направи бленд тоест го помешал пивото со лимонадата и тоа многу им се допаднало на велосипедистите. Го нарекол ‘Radlermass’ – ‘Radler’ кое што е Германски израз за велосипедист а „mass“ значи литар.

Оваа одлична вистинска приказна, бидејќи Куглер бил претпазлив бизнисмен и внимателно ја популаризирал приказната за да привлече повеќе гости во неговата пивница. Всушност Radlermaß беше популарен во Германија уште во 1900 година од социјалдемократските велоспиедски клубови во тоа време.

Пивото е со низок процент на алкохол до 3.6% што значи дека велосипедистите може да испијат и по неколку пива без да вилијае на нивните актинвости.

22 јуни, најдолгиот ден во годината е национален ден на радлер пивото, кога и се случија оваа приказна во Јуни 1922 г.

М.К.