Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ВЕЛОСИПЕДИСТ ИСЦРТАЛ ТРАСА СО ПИВСКА ЧАША

Несекојдневна посвета на неговото омилено пиво, овие денови испишал белгискиот велосипедист Баво Денекер од Антверпен – ја извозил велосипедската траса долга 277 километри, исцртувајќи со тоа пивска чаша со логото на пивото Дувел. Импресионирани од тој потег, пиварата дома му испорачала контингент од своето славно пиво.

Но секако не останаа должни на тоа и фабриката за велосипеди Ридли, кои ја препознаа важноста на оваа акција па му поклонија нов велосипед, што секако исто така придонело за ова достигнување. имено, во првиот обид, не успеал да го оствари замисленото поради повеќекратни дефекти, а за вториот обид добил нов велосипед. Вториот обид му успеал претходниот викенд, и своето достигнување го објавил на социјалната мрежа Страва наменета првенствено за велосипедистите.

Возењето траело 11 часа и 49 минути, а со паузи 15 часа. Возел со просечна брзина од 23 километри на час.

„Одсекогаш сум бил љубител на пивото Дувел, и тоа и ќе останам“ рекол Денекер на белгиската новинска агенција АД, за причините на мапирање на на чашата и логото на Дувел со својот велосипед. „Освен тоа Дувел има препознатлива чаша и лого, па ми се чинеше како предизвик да ги исцртам со велосипедската траса“,