Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЛИЧНОСТИ: КАРЛОС БРИТО НАЈУСПЕШНИОТ СВЕТСКИ ПИВСКИ ДИРЕКТОР ABINBEV

Воопшто и не ви е потребна некоја интелигенција за да се заклучи дека за работите од типот на спојувањето на SAB Miller и ABInbev потребни се посебни луѓе. Во овој конкретен случај, имаме работа со човек кој тешко дека ќе го пронајдете во некоја друга индустрија, што повторно не е чудно бидејќи пиварската индустрија последните неколку години е една од најкомпететивните. За глобалните медиуми ликот на Карлос Брито е посебен предмет на почитување и обожување. За човекот се напишани толку текстови што станува проблем да се изберат некои детали. Како што често знае и да виде, треба да запознаете некој преку кој ќе можете да зачекорите понатаму. На Брито во овој случај тој човек е Паоло Леман, кој во периодот кога го запознал Брито работел за компанијата Shell и бил примен на Универзитетот Стенфорд, но не можел да си го дозволи понатамошното студирање. Лемон му ја дал потребната стипендија, со неколку лабави услови, но кои секој нормален би ги протолкувал како долг. После купувањето на бразилската пиварница Brahma од стррана на Лемон со неговите партнери од инвестицискиот фонд, Брито отишол да работи таму. Уште додека бил таму Брито го научил она што ќе ја одбележи неговата кариера, а потоа и работењето во InBev, па ABInbev .Штедливост. Примери во таквото работење му биле компаниите GoldmanSachs и General Electric во времето кога со нив стопанисувал Џек Велш, брито и неговите колеги направиле и школување на таа тема која ја минуваат сите бразилски директори, па така денес десет од 15 директори на АБИнбев се по потекло од Бразил. Таа култура конкретно значи дека секогаш сте во некое брзање, секогаш близу до рокот. Работите напорно, и непрекинато ве оценуваат. Луѓето тоа или го сакаат или не. Средина нема. Самиот Брито за својата работа ќе каже;„како и пивото кое го продаваме, постојано под притисок“. Бритовата кариера одела бргу. Беќе од 1999 Brahma се спојува со Antarctica за да се создаде Ambev. Регулаторите потрошиле и не успеале да најдат ништо што би го оневозможило ова спојување и тоа го отворило патот на децата од Brahma. Карлос Брито станува директор на Ambev во 2004 г но само три месеци подоцна белгискиот Interbrew го купува Ambev за 11,5 милијарди долари и новиот InBev станува најголем светски пивар.

Брито го праќаат за директор во Северна Америка.со оглед на тое даке имале потреба од некој кој знае да ги крати трошоците, после што SABMiller и Molson стапуваат во joint venture преку компанијата MillerCoors, и веднаш се знаело како Брито ќе реагира. Го купува Anheuser -Bush , производителот на најпопуларното пиво во САД Budweiser и така во 2007 настанува Abinbev. Само два дена после превземањето, Карлос Брито во Ст Луис ги објаснувал новите принципи – соништата, луѓето, културата. Но 1400 луѓе кој го ислушале тој говор добиле отказ. Но исто така, Брито менаџерите на новата компанија ги пронашол во самиот Anheuser -Bush, со тоа заштедил 2,25 милиајрди долари . Никој не можел да лета со бизнис класа на летови пократки од шест часа, а напредокот се базирал на заслуги. Секогаш го правел тоа што ќе го вети и каже. Карлос Брито ја промени АБ културата на многу почовечки начин, немало ѕидови меѓу канцелариите, пиварниците се технолошки унапредени, намален е отпадот за половина за некои четири години. Секој продажен представник во компанијата точно ги знаел своите бројки, а таква била и целата компанија, тие сакаат бројки и мерење. Карлос Брито вкупно направил шест вакви спојувања, а ова последното ќе му биде седмо. Пред се благодарејќи на Брито ABInbev работи со убедливо најголем профит од сите пиварници, за некои 15% поголем од неговиот доскорешен конкурент SABMiller. Идните директори на фирмата со која тој шефува ги бира сам, и тоа уште додека биле млади. Една од последнте значајни изјави му била на сметка на стеретотипот како успешните луѓе се забавуваат на своето работно место. Тоа е преслаб збор, рекол, се забавувам со децата на плажа. Ако навистина сакате да бидете најдобар, ви треба нешто многу повеќе од тоа да ви биде забавно само на работното место. Ако сакате од своите луѓе да го извлечете најдоброто тогаш тие постојано мора да бидат под притисок. Еден од неговите соработници ќе каже дека тој е човек со кој тешко дека би можеле да се напиете пиво, но затоа пак секогаш со него сакате да работите, малкумина се оние кои се подобри од него. Но малкумина се и оние кои можат да зборуваат за годините поминати со него. Никој не трае вечно.