Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ДЕГУСТАЦИЈА НА ПОЛСКИ ПИВА: KOMES BALTICKY PORTER, RUSSIAN IMPERIAL STOUT И PINTA IMPERIAL PORTER

Во рубриката рецензии и дегустација на пива денес ќе ви ги презентираме Полските пива од две млади знаетчиски пивари KOMES PORTER BALTYCKI и KOMES RUSSIAN IMPERIAL STOUT и PINTA IMPERIAL PORTER.

Малку за стиловите. Пивскиот стил Russian Imperial Stout своето потекло и традиција ја носи од Британскиот Портер наменет за извозниот пазар, со тенденција да биде со висок процент на алкохол, богат на вкус и луксузен. Рускиот пазар беше особено интересен за ваквите производи – а легендата вели дека Руската Царица Катерина (1729-1796), особено го ценела ова пиво кое што било праќано специјално за нејзе, толку многу што со текот на времето овој стил почнал да се шири и по другите земји и надградува благодарение на креативноста на занаетчиските пивари. После Наполеонските војни трговската рута беше прекината и Imperial Stout-овите почнаа да се произведуваат и во останатите земји. Одреден период беа во сенка, а нивното спасување почна благодарение на феноменот на занаетчиските пива: некои Англиски пиварници повторно почнаа да го произведуваат и овој пивски стил ја доживеа својата втора пролетсо што новите занетчиски пивари на стилот му дадоа нов белег. Линкот помеѓу Stout и Русија е документиран со посетата на Петар Велики во Англија во 1698 година каде што тој „се заљубил во Stout пивата“, а името Stout всушност ја опишува неговата јачина, а не боја. Но, секако оваа корелација е оспорена и се занемарува иако денес многу Russian Imperial Stout пива го носат тоа име. на почетокот на 18-тиот век Англичаните вареле потемни але пива со тоа што првиот Портер се појавил во 1721 година, а подоцна и Stout и го испраќале на Балканските држави и во Русија.  Imperial означува дека пивото е силно односно двојно посилна верзија од обичните (Imperial IPA, Imperial Stout, Imperial Porter) . Според BJCP тоа е темно пиво со повисок процент на алкохол, (од 7 до 12%) солидна горчина од 50 до 90 IBU со вкусови на темно чоколадо, овошни естери, кафе, шумски плодови,

KOMES RUSSIAN IMPERIAL STOUT

Производител: Browar Fortuna, Wrzesińska 24, 62-320 Gmina Miłosław, Poland
Име на бренд:
KOMES RUSSIAN IMPERIAL STOUT
Пивски стил: Russian Imperial Stout ALCOHOL:12% ВОЛУМЕН: 500 ml СОСТАВ: Јачменов слад, карамелизиран слад, чоколаден слад, вода, Украински хмељ , овесни снегулки, квасец US05,
ДЕГУСТИРАНО НА: 30 Април 2021 РОК НА ТРАЕЊЕ: 16/02/2024 БРОЈ НА ДЕГУСТАТОРИ: 3
1. Арома –
многу благо, екстремно моќно пиво, со ноти на кафе, и чоколадо кои доаѓаат од печениот јачмен. По извесно стоење алкохолот воопшто не иритира туку нежно ви ја грее душата. Богато и мрсно пиво како да пиете густ зејтин.
2. Боја – Црна како ноќ, нетранспарента, но сепак чиста течност.
3. пена- Средно стабилна бела пена, со доволна издржлчивост за овој стил, со тек на времето се губи и формира тенка линија околу прстенот 
4. Вкус –
акценти на кафе, чоколадо и сливи со избалансирана горчина, леб веројатно од ржан слад со што добива на тело, Интензивен вкус и арома. и покрај високиот процент на алкохол сепак не доминира толку.
5. Горчина – избалансирана горчина карактеристична за овој стил на пиво, и доста благо
6. Чувство во устата – Густо и полно тело, моќно доста изразениот алкохол ја нарушува компакноста на вкусот, но сепак е вистонсо задоволство и уживање.
7. Општ впечаток – Вистинско задоволство и уживање е дегустацијата на ова пиво. Со доволно број на луѓе за да се разменат личните различни импресии и впечатоци бидејќи сепак сам да го испиеш е премногу. Не е целта да се опиеш туку да ги откриеш вкусовите и аромите во ова богато пиво.

KOMES PORTER BALTYCKI

Пивскиот стил Балтички Портер е уште еден репрезент на силно алкохолните пива и уште едно пиво кое што корените ги влече од 18тиот век. Пивото Портер е одговор на силно хмељените Пале Але пива кои беа популарни во Британија во 18тиот век. Пивото стана посебно омилено кај уличните работници и кај луѓето кои работеа на пристаништето на утовар и истовар и носеа роба низ градот. Поради оваа негова популарност пивото беше именувано како Портер. Но, популарноста на пивото не беше ограничена само на оваа група на луѓе. Со проширување и освојување на овој стил од страна на големите пиварници стана глобално пиво. На почетокот на 18тиот век Велика Британија извезуваше многу пиво во земји како Ирска, новоформираните колонии во Северна Америка, Русија, Полска, Шведска, Данска, Германија, Финска, Латвија, Литванија и Естонија. А меѓу сите овие извози акцентот беше ставен на Портер пивото со што лесно се гледа зошто овие региони толку многу го сакаа тоа увозно пиво. Темните и силни портер пива беа добра причина да се загрее телото во тие прилично студени земји. Најсилниот од овие Портери посебно беше ценет во Рускиот двор за да на крај стане Imperial Stout. Не помина многу време и балтичките земји се потрудија да направат некоја нивна локална верзија на Балтички Портер. Неколку пиварници го произведуваат овој стил кој денес станува популарен и кај малите занаетчиски пиварници кој постојано го усовршуваат и надградуваат. Доста е популарен и во Полска, земја која што на крајот на Јануари имаат и „Ден на Балтичкиот Портер“.

Бронзена медала за стил во 2013 г World Beer Cup.

Производител: Browar Fortuna, Wrzesińska 24, 62-320 Gmina Miłosław, Poland
Име на бренд:
KOMES BALTIC PORTER
Пивски стил: Baltic Porter ALCOHOL: 9% ВОЛУМЕН: 500 ml СОСТАВ: Јачменов слад, карамелa, вода, хмељ, квасец
ДЕГУСТИРАНО НА: 30 Април 2021 РОК НА ТРАЕЊЕ: 11/02/2024 БРОЈ НА ДЕГУСТАТОРИ: 3

  1. Арома –  доминира печен слад со нежен финиш. ноти на еспресо и чоколадо. Комплексен и уникатен вкус и арома кој се менува со текот на времето. Горчливо чоколадо, тофи, урми, ореви. Потопло дава сосема друг впечаток.
    2. Боја – длабока црна боја архетип на модерен Полски портер. со мала кафеава рефлексија, чисто
    3. Пена – стабилна густа формира благи траги на чашата
    4. Вкус – Комплексен, слад -карамела, печен слад, сув вкус, шумски плодови, алкохол на нос.
    5. Горчина – избалансирана и пријатна
    6. Чувство во устата – густо и полно тело
    7. Општ впечаток – можеби силните пива со алкохол не се толку пријатни за секого, бидејќи се тешки и комплексни, но си бараат соодветен третман за целосно уживање. Сепак пиво кое има одличен вкус и опасно е за пиење.

Browar Fortuna е изградена во 1889 година и е главна пивара во градот Милослав. Технолошки беше многу напредна во своето време. По бурната историја во своето време со менување на разните сопственици во 2011 година се приватизира и станува модерна со производство на традиционално полско пиво и други специјалитети. Балтичките портери некогаш беа многу доминантни на ова тло Пивото Комет ферментира со отворени садови

PINTA Imperator Bałtycki Sabro Strata

Производител: Browar PINTA ul. Przemysłowa 4, 34-382 Wieprz, Poland 
Име на бренд: 
PINTA Imperator Bałtycki Sabro Strata
Пивски стил: Baltic Porter пастеризирани нефилтрирано
ALCOHOL: 10.5% ВОЛУМЕН: 330 ml СОСТАВ: Јачменов слад, карамелa, вода, хмељ, квасец
ДЕГУСТИРАНО НА: 30 Април 2021 РОК НА ТРАЕЊЕ: 07/02/2023 БРОЈ НА ДЕГУСТАТОРИ: 3

  1. Арома –  кокос, лимон, тропски овошја, чоколадо,
    2. Боја – црно густо
    3. Пена – стабилна долготрајна обилна пена
    4. Вкус – цитрусни и тропски ароми, леб, алкохолот добро избалансиран
    5. Горчина – висока горчина
    6. Чувство во устата –
    7. Општ впечаток – одлично пиво вистински полски специјалитет