Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ХРВАТСКА: THE GARDEN BREWERY ДОБИ ПРЕСТИЖНО ПРИЗНАНИЕ КАКО НАЈДОБРA ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Повеќе од 200 илјади љубители на пивото гласале за Загребската The Garden Brewery како една од најдобрите во Е вропската Унија и тоа втора година по ред според гласовите од порталот BEER 52, најголемиот пивски клуб во светот.

И оваа година според овие гласови златото за најдобра пивара во Европа оди повторно во Загреб, и за тоа одлучиле 2,2 милиони гласови и оценки. Покрај главната награда The Garden Brewery освои и награда за најдобро пиво со низок процент на алкохол, а нивната MICRO IPA, прогласена е за најдобра во таа категорија, која е исклучително важна бидејќи промовира пива кои што не се многу силни.

“Исклучително питки, софистицирани и често изненадувачки пиваI покажуваат дека Garden во својот пристап покажува бројни трендови во европското пиварствво. Постојано не импресионира со нивниот квалитет и иновативност, а рецензиите на членовите тоа само го потврдуваат. Со освојувањето на златото за најдобра Европска пивара, ја низдвојуваме и наградата за нивното Micro IPA пиво кое што е одличен технички пример на правење на пиво”, порачуваат од Beer52, најголемиот пивски клуб на светот.

Beer 52 е основан во 2013 година и е најпопуларен пивски клуб во светот од Обединетото Кралствто, со 200 илјади корисници кои секој месец пред својот дом добиваат пакет со крафт пива. Годишната награда според бројот на гласовите од минатата година се зголемила за четири пати, со што повторното освојување на наградата за најдобра ЕУ пивара е уште позначајно. Наградите се доделени во 17 категории а The Garden Brewery ја собра најважната за најдобра пивара во Европската Унија. и е избрана помеѓу повеќе од 10 000 европски пивари благодарение на својата конзистентност, квалитет и непрекината иновативност.

The Garden Brewery од самите почетоци ја шири приказната за хрватската крафт пивара по целиот свет, а на пописот на земји кои го извезуваат се додава и Кина, со што го отвараат и пазарот кон Азија. Експанзијата на пиварата продолжува и во малезија, Тајланд, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати, а од оваа година кон оваа група се приклучува и Македонија. Франција, Германија, Данска, Белгија, Полска, Португалија, Луксембург па се до Австралија и Нов Зеланд.

Новите времиња носат и ново руво на лименки и визуелен идентитет кој го истакнува сето тоа што тие го работат. Секоја лименка со боите и формите укажува на стилот на пивото, а секоја етикета е рачно украсена со водени бои и ја прави единствена.

Пиварата која во овие предизвикувачики времиња забележува и голем раст со он лајн продажбата во делови од Европа, го проширува извозот и удвостручувапроизводствениот капацитет поради големата побарувачка. The Garden Brewery на пазарот излегува со лименки во пакување од 440 ml.

Во своите основни стилови на пиво, Pale Ale, Pilsner, Stout и IPA, The Garden Brewery продолжува да вари и нови иновативни пива како Florida Weisse Sour, до зимските пива Imperial Stout, Toffee & Hazelnut and Vanilla & Chocolate. Тука се и Hazy IPA, класичните Sour стилови како Rhubarb & Strawberry Sour или Cherry & Plum Sour. Garden соработува и со некои од најинтересните европски пивари со кои работи на специјални изданија на пива од кои најнови се оние со пиварите Stu Mostow од Полска и Totenhopfen од Луксембург.

За само четири години од своето постоење The Garden Brewery произведе повеќе од 120 пивски стилови, а на пописот на произведени пива се најде и наградуваниот Vanilla & Chocolate Porter, целиот опсег на Sour пивата, експерименталните пива од серијата Milkshake IPA како и иновативните пива со низок процент на алкохол.

Извор. N1