Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

10 НАЈДОБРИ КНИГИ ЗА ДОМАШНОТО ПИВАРСТВО

Домашното пиварство станува многу популарно и во нашата држава. Но, пред да се пуштите во оваа хоби авантура пожелно е и да се стекнете со основното предзнаење за истото. Сакам Пиво.мк ви предлага неколку книги кои се сметаат за основа за да го стекнете соодветното познавање од оваа област. Да започнеме со прегледот:


01, Simple Homebrewing
од Drew Beechum & Denny Conn

Оваа книга е толку едноставна, што кажува и самиот наслов. Simple Homebrewing. Авторите се осмелија да ги презентираат основните информации што ви се потребни за почеток на ова прекрасно хоби, се што ви треба за производство на пиво во домашни условии да го направите истото според сопствените желби и потреби.

 

 


02. Clone Brews: Recipes for 200 Commercial Beers
од Tess Szamatulski and Mark Szamatulski

Сигурно имате некое пиво кое што го сакате, и сте сонувале да го пробате но не сте имале прилика за тоа. Или пак вака сте го пробале, или во оставило некој добар впечаток при некое ваше патување во странство и сакате да направите приближно до истото. Е оваа книга е токму таква, Преполна е со рецепти за пиво од лагери до ИПА и што уште не. Сепак лично не сум некој фан на книгите од овој тип со оглед на тоа дека и сите состојки не се достапни на нашиот пазар и ќе треба малку да се помачите за да стигнете до истите. 


03, The Beer Bible од Jeff Alworth

Некои спијат покрај Библијата, некои имаат различно видување кон Библијата, За да станеш мајстор пивар библијата за пивото е вашиот господар и спасител. Оваа книга е основниот водич за љубителите на пивото без разлика од која нација од која религија доаѓаат. Библијата вклучува повеќе од 100 видови на пиво категоризирани според стилови, за да може да ги научите и стиловите и пивото. 

 

 


04, The Brewmasters Bible: The Gold Standard For Homebrewers
од Stephen Synder

Живееме во време на Пивската ренесанса во цел свет, а домашното пиварство секаде го доживува својот подем. Според Американската Асоцијација на домашни пивари (American Homebrewers Association) во моментов во оваа земја има регистрирано 1,2 милиони производители на домашно пиво и нивниот број продолжува да расте. Речиси колку целата наша држава. Уморни од пивата кои ги има во супермаркетите, Американците ги откриваат големите предности на производство на пиво прилагодено спред свој рецепт и желба, Супериорна арома, боја, тело и вкус. Оваа книга е наменета како за аматерите, оние кои допрва почнуваат со ова хоби, така и за оние професионалните „зимургисти“ кои сакаат да го подобрат вкусот на своето пиво. Ажурирани податоци за течните квасци, 30 рецепти во секој класичен стил на пиво од Германија. Белгија, Англија и САД, широки профили на сладови и други житарки, графикони за формулирање на рецепти, директориуми за стотици продавници и што уште не.


05, The Complete Joy of Home Brewing од Charlie Papazian

Оваа книга е задолжително четиво за секој љубител на домашното пиво. Продадени се повеќе од милион примероци, и тоа не  е без причина. Оваа книга е рудник за знаење кое и ќе ве збуни околу тоа што се претставува пиво и колку е сето тоа комплексно. Ваш водич за да го разберете и направите вашето пиво Од основи за да направите мини пивара во вашиот дом, рецепти од светска класа, упатства кои лесно се следат и најновите трендови. Чарли Папазијан исто така зборува малку и за историјатот за правење на пиво во домашни услови, и добри совети. 

 

 


06. Idiots Guide to Homebrewing од Daniel Ironside

Оваа книга ви помага како да го разберете и минимизирате ризикот од лошо направеното пиво и како да го максимизирате вашето успешно пиво и да го следите тој чекор и понатаму. да ја достигнете страста и гордоста која што ја постигнува секој оној кој што прави пиво. 

 

 

 


07. The Brewers Association’s Guide to Starting Your Own Brewery
од Dick Cantwell

оваа книга ќе ви помогне како да ја започнете вашата успешна приказна и да започнете со сопстевна пивара. Ако веќе сте го усовршиле домашното пиварство од хоби, зошто не започнете и нешто сериозно? 

 

 

 

 


08. Mastering Homebrew: The Complete Guide to Brewing Delicious Beer
од Randy Mosher

Ако сакате да ја совладате умешноста во правење на домашно пиво, оваа книга е вашиот најмудар избор. Ренди Мошер е меѓународно признат автор во светот на пиварството, Без разлика дали сте напреден производител на домашно пиво, или почетник, Ренди знае да ве упати на правиот пат со едноставен и разбирлив јазик за сите. Со повеќе од 150 колор фотографии и илустрации за целиот процес и техники на производство на пиво, 

 

 

 


09. Тhe Brew Your Own Big Book of Clone Recipes: Featuring 300 Homebrew Recipes from Your Favorite Breweries
од Brew Your Own

Brew Your Own е познато американско списание за домашните производители на пиво. Од време на време издаваат и специјални броеви за одредени стилови и рецепти, но и книги со истата тематика. Клонови на познатите пива од цел свет прилагодени за љубителите на домашното пиво. 

 

 

 

 


10 . The Brew Your Own Big Book of Homebrewing: All-Grain and Extract Brewing * Kegging * 50+ Craft Beer Recipes * Tips and Tricks from the Pros
од Brew Your Own

Еве уште една книга од истото списание која што содржи 50 рецепти за поплуарни стилови на краф тпиво, плус ексклузивни типс & трикс финти за да ви ја олесни работата. 

Наздравје читање