Skip to content Skip to footer

ЕУРОСТАТ: ГЕРМАНИЈА Е БРОЈ ЕДЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ПИВО ВО ЕВРОПА

Според објавата на Еуростат на Интернационалниот ден на пивото, Германија е најголемиот производител на пиво во ЕУ во 2020 година. со произведени 7,5 милијарди литри што претставува 24% од вкупното производство во цела Европа. „Едно од четири пива што содржи алкохол, доаѓа од Германија“ се вели во извештајот.

Во однос на производството, по Германија следи Полска со произведени 3,8 милијарди литри (12% од вкупното производство во ЕУ, Шпанија (произведени 3,3 милијарди литри, 10%), Холандија (2,5 милијарди литри литри, 8%), Франција (2,1 милијарди литри, 7%), Чешка (1,8 милијарди литри, 6%) и Романија (1,7 милијарди литри, 5%).

Минатата година Словачка забележа најголем пораст во производството на пиво што содржи алкохол ( + 25%), потоа Грција, Литванија и Франција (сите + 3%). Производството на пиво во Италија, од друга страна, речиси се преполови во 2020 година (-46% во споредба со 2019 година). Значителни падови на производството беа забележани и во Хрватска (-29%), Шпанија (-14%), Унгарија (-13%) и Австрија (-11%).