Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

БУДИМПЕШТА: ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА КОЈА НУДИ МНОГУ ПИВСКИ ИСКУСТВА

ОД НАШИОТ ДОПИСНИК ОД БУДИМПЕШТА: Будимпешта како и секој друг голем Европски град, има што да понуди кога е пивото во прашање. За кратко време на престој речиси и да е невозможно се да пробате и посетите, па затоа го ангажиравме нашиот пријател Ерол да ни ја изработи оваа пивска приказна.

Прва на удар е компанијата наречена Jónás Kézműves Sörház -пивска градина специјализирана за локални крафт пива на систем на ротација. Лоцирана е на плоштадот Fővám на брегот на реката Дунав. Идеално за кратко запирање доколку доаѓате од аеродромот со авион, а не доаѓате со автомобил. Тие се отворени за јавноста како една од ретките, и регуларни услуги во склоп на аеродромот и се наоѓа на неколку стотина метри оддалеченост од него.

Нивен препознатлив бренд и заштитен знак е пивото од пиварницата Reketye од Будимппешта, но секако може да најдете и многу други. Пиварницата е основана во 2014 година, и е наклонета на постојано учење и прогресија и иновација која што може да се види и во развојот на самата пиварница. Пионери се во поглед на дизајн и креирање на крафт пиво во лименки во Унгарија, користејќи вода третирана со реверзибилна осмоза и малку си играат со хемијата на водата. Познати се и по тоа дека соработуваат со пиварници во креирање на заеднички пивски бренд како на пример со Left Hand, De Molen, Next lvl, Alechemy, 42North, Dogma, Green Gold.

Следна станица е First craft beer & BBQ. Основана е во 2017 година од двајцата браќа Куруц, кои што имаа цел освен пивница со сала за точење, да органицираат и отворени средби, посети и едукативни настани за посетителите и за една година може да се пофаат со бројка од 2000 луѓе кои ја посетија оваа пиварница. Место во центарот на градот каде што се спојува филозофијата на занаетчиското пиво со ноќниот бурен живот во Будимпешта. Овде ќе ги пробате и највкусните јадење направени со пиво.

издвоено од менито: FIRST Birthday HopCake од FIRST the craft beer co. Локален бренд од пивницата со 7,7 % алкохол Двојна ИПА пивски стил, со доминанти свежи цитрусни ароми.

Следна дестинација е крафт пивскиот бар Léhűtő . во рамките на пиварата е и салата за дегустација или тапрум Хоризонт. Се смета за еден од најважните барови за крафт пиво во Будимпешта со извонредна селекција на 11 але пива на точење и флаширани пива од Унгарија и од светот. Со пијалокот ви следуваат багет лепчиња, бургери и снекови. Често организираат и настани од типот „запознај го пивскиот мајстор“ или „Meet the Brewer“.

Доколку сакате специјална пивска тура тука е Будимпештанскиot Craft Beer Tour каде што може да посетите околу 150 барови и ресторани, а тоа ќе ви помогне многу бидејќи наавистина не е лесно сами да се пуштите во овој поход. Сепак сеуште главен јазик на Унгарските крафт пива е сеуште Унгарскиот, и информациите за самото пиво ќе може да ги распознаете доколку самите имате лично познавање и знаете да ги препознаете пивските стилови.

фотографии и од други познати пивски барови во Будимпешта

Élesztő Craftbeer Garden

пост индустриско место кое што неколкупати е реновирано а во моментов располага со 21 локално занаетчиско пиво на точење.
Kandalló Artisanal Pub

Во Мај месец оваа година се случи и првиот Будимпештански фестивал на занаетчиското пиво каде што освен локални имаше и интернационални учесници.

Во минатото Унгарија не беше многу позната по производството на пиво,но тоа не значеше дека имаа лошо локално индустриско лагер пиво.

најпознатите пиварници денес во Унгарија се:

Dreher – Тие го произведуваат Dreher Classic, Arany Aszok и Kobanyai.
Borsodi – различни варијации на истоименото пиво.
Soproni – различни варијации на истото пиво и некои помали серии.