Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВОТО ВО ЛИТЕРАТУРАТА: ЗА ПИВОТО ИМА КОЈ ДА ПИШУВА

Од фамозната „Химна на Нинкаси“ – Сумериската Божица на пивото, до ноторниот „Еп за Гилгамеш“ и „Песната над Песните“, страниците на убавата книжевност се преполни со редови и стихови во чест на пивото и другите опојни пијалоци. Примери има премногу. На етикетите на пивото ќе најдете покрај останатото и портрети од значајни книжевници, како Вилијам Шекспир, Јохан Волфганг Гете, Томас Пајн, Хенри Вадсворт Лонгфелоу, Емили Бронте, Оскар Вајлд, Томас Харди или пак јунаци од разни литаратурни дела, пример капетанот Ахаба од „Моби Дик“ делото на Мелвил, „Фауст“ на Гете, „Ајванхо“ на Шкот, „Тарас Буљба“ на Гогољ, „Гаврош“ – Хуго, или „Гавранот“ на Едгар Алан По. Тоа ни малку не е случајно, а авторите и нивните јунаци добивале омаж на пивските етикети и поради нивниот посебен однос кон овој пијалок.

На страниците на белетристичките дела исто така ќе најдеме многу описи на пиво и пивопијци. Томас Ман, Алфред Доблин, Ерих Марија Ремарк, Џорџ Орвел, Џемс Џојс, сите овие пишувале за пивото, од рецептурите до начинот на правење. Од писателите се издвојува Шарл Бодлер, Боргс и Јитс, за Едгар Алан По и Францис Скот Фицџералд пишува дека умреле како резултат на пијанството, а Јосип Бродски, Владимир Набоков, биле осведочени пријатели на добрата капка, додека Хемингвеј и Вилијам Фолкнер, своите пороци ги глорифицирале и од склоноста кон пијалокот направиле мит.

„Силно пиво, ароматичен тутун и една жена – тоа е задоволство“. Овој афоризам му припаѓа на најголемиот претставник на Европскиот романтизам Јохан Волфганг Фон Гете поет, писател и драматург. Џорџ Елиот го опишал како „еден од најголемите германски писатели и последниот универзален човек на Земјата“, сеќавајќи се на неговите големи дела како „Страданијата на младиот Вертер“, и сл. но малкумина знаат дека Гете меѓу другото бил и стграстен љубител на пивото. Неговите писма може да се сметаат како бележник за квалитетот на Германските пива. Постојат голем број на писма во кои Гете разговара со пријателите за квалитетот на пивото произведено во Германија. Во некои од нив ќе дознаете и за тоа какви биле вкусовите кои тои ги сакал или не. Тој го мразел пивото во Лајпциг на пример, а неговото омилено било во Франкфурт кое имало блага арома. Гете и некои други интелектуалци се главните виновници за дефинирањето на различните вкусови на пива (пр пиво со сладок вкус) „bavaroise “ – Баварско пиво, од друга страна пак Белгиските пива со спонтана ферментација кои се пиеле со лимон ги нарекувал „gose”-израз кој Белгијанците и денес го користат за пивата кои го носат тој стил Gueze. „Коштрицер“ e пивара која е основана 1543 г и е една од најстарите производители на црниот Лагер. Еден од најценетите љубители на нивното пиво бил токму Гете кој го пиел тоа пиво кога не бил во можност да јаде поради еден период од неговата болест.

Џон Роналд Реуел Толкин (1892-1973) бил професор по англосаксонски јазик и книжевност на Оксфорд. Пишувал епска фантазија и поезија, што му донело светска слава. Најпознат е по романот „Господар на прстените“ и по романот „Хобит“ кој му претходел, односно по историјата за измислениот свет на Ардите и неговиот континент во Меѓуземјето. Така во неговите дела се наоѓаат и текстови на песни кои хобитите ги пеат со криглите дигнати во воздух. Хобитските пивски песни се исто така и снимени, а многу пивари прават пива наречени по хобитите.

Во делото „Старецот и Морето“ на Ернест Хемингвеј има еден момент каде се дава посебен култ кон пивото кога детето го почестува старецот со пиво на Терасата и старецот му одговара на прашањето: „кога веќе не можам со тебе да ловам риба би сакал некако да ти помогнам?“ на тоа старецот му одговорил: „ме почести со пиво, веќе си прав маж“.

Познатиот писател на научна фантазија, фикција и хорор и мистерија Реј Бредбури во делото „The October Country“ напишано во 1955 година, а кое е колекција на 19 кратки приказни има напишано и следново: „Пивото е интелектуално, каков срам е какви идиоти го пијат“.

Чарлс Буковски секогаш имал некои интересни изјави па така и пивото земало еден дел од нив: „Остани со пивото, пивото е постојано во крвта, за постојан љубовник“.

Томас Харди бил англиски поет и романсиер на преминот од XIX во XX век. Иако се сметал за поет првата збирка песни ја напишал дури 1898 година па се памти најмногу како романсиер. Од неговите романи едно е историско дело напишано во 1880 г „The Trumpet Major“ и еден од ретките кој не завшува трагично. Во ова дело Харди пишува и за пивото, за кое вели: „Било едно од најубавите бои кој било кој уметник можел да ги посака во пивото, со полно тело, но пак жешко како вулкан, пикантно, а сепак без острина, светло како есенска квечерина, ослободено од еднолични вкусови, но конечно прилично опојно“. Инспирарно од овие зборови во 1968 како јачменово вино се појавило пиво под името „Thomas Hardy Ale“ по повод 40 годишнина од смртта на писателот. Но, Томас Харди исто така пишува и за самата подготовка на пивото и големите пиварнци. Така во делото „Градоначалникот на Кастербриџ“ дава одличен рецепт за домашно пиво, од пабовите во западна Англија од почетокот на XIX век.

Пивото „Taras Bulba“ споменато на почетокот од текстот, е име на светло Белгиско пиво со 4,5% алк, со доминација на тропски плодови и доаѓа од пиварата Senne. Пивото има впечатлива етикета која што е инспирирана од делото и трансформирана приказна. На етикетата се илустрирани двајца, мажи едниот е дебел и силен кој држи пивско буре над главата, а другиот е послаб со понижувачки израз на лицето. За да го разбереме ова треба да се вратиме кон делото на Гогољ. Тарас Буљба е негова новела од 1842 година, која ја раскажува приказната на херојскиот војник и неговите два сина. Како што се одвива борбата, еден од неговите синови се вљубува во една девојка од Полска,кои што се нивни непријатели. Тарас Буљба станува познат во книжевноста по изјавата на неговиот син: „Јас те доведов на овој свет, јас и ќе те убијам“. Од пиварата велат дека токму оваа реченица била мотив за исмевањето на вечниот проблем кој го има во Белгија со поделбата на луѓето на Фламанси и Француски јазик, и дека идејата е да се покаже дека ова е глупост која што нема смисла“. Пивото е тоа кое што ги спојува различностите и наеднаш пивото Тарас Буљба станува модел на помирување. И овој Тарас Буљба завршува многу посреќно, за разлика од оној во романот.

„ФАУСТ“ е името на две германски пива, едното е од пиварата Brauhaus Faust, која што датира од 1654 година, седум века пред да се издаде легедарната поема на Гете (1808), која се наоѓа во Милтенберг, недалеку од Франкфурт. Таа е една од најстарите таверни кои варат пченични пива. Втората пивара е во Инглштад, но го прават пивото за извоз во Полска, а заедничко за двете пива е тоа дека добиле награда за Европско пиво во кагегоријата на јужногермански пива и тоа првото со златна медала во 2008, а второто сребрена во 2007.

Пивото „Gavroche“ е Bière de garde стил кое е инспирирано од делото на Виктор Иго од 19 тиот век од новелата Les Miserables, е силно пиво со 8,5% алкохол, кое што доаѓа од Северна Франција, пиво кое што го опишува карактерот на истоименото дело како темно пиво со силен карактер кое што ферментира во шише, произведено во фамилијарна пивара Saint Sylvestre, која што датира од 1860 година.

Американската пивара од Орегон, Rogue беше инспирирана од делото на Шекспир и го реализира „Shakespeare Stout“. И легендарното дело Пеколниот портокал на Ентони Бриџис исто така се најде на етикета и тоа на две пива „Grand Rapids A Clockwork Orange“ белгиски стил на бело пиво од Американската пивара Grand Rapids и „Watch City Clockwork Orange“ од истоимената пивара исто така од САД кое што е овошно пиво.

Овде ќе завршиме со класиката Pliny the Elder од пиварата Russian River Brewing Company. Плини бил Римски учител, историчар, патник, офицер и автор кој што живеел 2000 г пне. Pliny the Elder е двојно ИПА пиво кое што има 10,2% алкохол.

извадок од книгата Пивски приказни (која е во подготовка)