Брисел 27 Ноември: 9тото издание на престижниот Бриселски пивски натпревар, се случи во Брисел, наместо во Хазелт од 26ти Октомври до 6ти Ноември со сите потребни безбездносни и здравствени мерки. Нивото на судење и условите за дегустација беа исто така на високо ниво како и претходните изданија, но овој пат со судии кои беа воглавно од Брисел или жители на Белгија.
На овој пивски натпревар партиципираа 1500 пива сите уникатни и специфични речиси на исто ниво како и изминатите изданија. Имајќи ја предвид пандемијата која што сеуште е во тек, организаторите се и повеќе од задоволни што се случи ова издание под вакви вонредни околности.
Според објавените резултати една од најуспешните пивари на Brussels Beer Challenge 2020 е пиварата ‘Brasserie Dupont’ од Белгија.
Најдобро пиво на овој натпревар е прогласено Полското пиво ‘Friend or Foe?’ од пиварата ‘Browar Rockmill’
Сите останати победници може да ги погледнете на официјалниот сајт на Brussels Beer Challenge.
Бројки и трендови:
Белгија и оваа година ја задржа лидерската позиција, со освоени 79 награди во сите категории, следуваат САД (31), Италија (30), Холандија (23), Бразил (16), Франција (13), Канада (10), и Кина (9).
Натпреварот се повеќе добива и интернационален карактер и се зголемува со бројот на земји учесници, оваа година имаше пиво од 36 земји вклучувајќи гиАвстралија, Јужна Кореја, Боливија и Украина.
„NEIPA“ е најбрзорастечка пивска категорија со дури 43 пива
„Belgian Tripel“ (71), „Belgian Witbier“ (46) и „Herb and spice“ (44) се исто така меѓу најпопуларните категории.
Безалкохолните и ниско калорчините пива исто така бележат пораст.
Дегустацијата и тестирањето се одржаа на крајот на Октомври и почетокот на Ноември, во салите на Becomev во Брисел. Безбедноста на експертите и на служителите беше на највисоко ниво и врвен приоритет. Највисокото ниво на заштита беше обезбедено со софистициран концепт за хигиена: секој член на панелот имаше своја индивидуална маса, Големината на секој панел беше ограничена на четири лица, со минималното дозволено растојание помеѓу нив од 2 метра, а задолжително беше и носењето маски, освен секако на масата з адегустација.
Панелот оваа година се состоеше од искусни о добро обучени судии, а исто така истиот квалитет се препишува и на останатите учесници како сомелиери, специјализирани новинари за пиво. дистрибутери, бармени и сезонски љубители на пиво. Примероците се оценуваа на сесии на дегустација на слепо врз основа на сензорски критериуми и критериуми на задоволство. Потоа сите заедно одлучуваат кои пива ќе ги завземат првите три места.
Извор: Brussels Beer Challenge