Официјална ознака на Трапистичко пиво се доделува исклучително по строги правила, како што е и самото трапистичко монаштво исклучително строго, па затоа го носат и мал број на пивари во само неколку земји во светот. Деновиве, една од нив Trappist Abbey of Achel (Saint-Benedictus-Abbey, која што исто така се нарекува и Achelse Kluis што во превод значи пустина во Ахел, го изгуби правото на таа ознака.
Пиварата Brouwerij der Sint-Benedictusabdij de Achelse Kluisе основана во 1871 година и имала бурно минато. На пример во текот на Првата Светска Војна, монасите од цистеријанскиот монаштво го напуштиле манастирот, а пивото овде повторно почнало да се вари дури од 1998 година, кога производството е обновено со помош на трапистите од Westmalle и Rochefort.
Проблемите пиварата ги имала подолго време бидејќи строгите правила велат дека производството мора да биде водено и надгледувано од монасите од цистеријанскиот ред, како што и трапистите официјално се нарекуваат. Останатите услови се дека производот за да биде деклариран како трапистички, мора да се кува во самиот манастир, и да не се произведува поради остварување на добивка, а целиот приход се користи за функционриање на и одржување на опатијата и животот на заедницата. Евентуалниот остаток се дели на хуманитарни цели.
Со гасењето на опатијата во во С Бенедикт во Лимбург, односно шест месеци во опатијата немало ниту еден монах,кој што меѓу другото би го вршел и надзорот над производството на пиво, Аchel мора официјалниот сертификат да го врати назад. Пивото ќе се произведува и понатаму, – имено опатијата Saint Benedictus Abbey спаѓа во надлежност на трапистичката опатија во Westmalleu, а таа пак сака да продолжи да го произведува пивото Ахел. само што тоа пиво понатмау нема да ја носи ознаката з аТрапист пиво.
Имено, намалувањето на бројот на монасите е проблем кој се заканува и на егзистенцијата и на адругите трапистички пивари, па и споменатата опатија Westmalle која што има само 27 монаси, додека во цела белгија се стотина. а тоа се случува во време на голема популарност на трапистичките пива во светот. која што доведе до отварање на нови трапистички пивари како Zundert во Холандија, Engelszell воАвстрија, Spencer во САД, Tre fontane во Италија Tynt Meadow во Британија.
Сличен пример со губење на ознаката имаше и холандската трапистичка пивара La Trappe кои ги купи комерцијалната групација Bavaria, за да подоцна повторно ја врати ознаката за траист пиво.
За рљзликата помеѓу Трапист и манастирско пиво во друга прилика